Шест лица го бараат писателот: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎За текстот: дополнување
→‎Содржина: ситна поправка
Ред 4:
Тематско-фабуларната основа на оваа драма потсетува на [[натурализам|натуралистичките]] драми. Тоа е судбината на едно семејство, чии членови се одредени само со своите семејни односи, па се нарекуваат: Татко, Мајка, Пасторка, Син, Момче и Девојче.
 
Буквално земено, драмата зборува за трагичната пропаст на семејството: Согледувајќи дека сопругата извронредно се сложува со неговиот секретар, Таткото му ја „предава“ Мајката на секретарот, така што таа се премажува со него и раѓа три деца. Дури откако се разделува со сопругата, кај Таткото се јавува необичен интерес за неа и за нејзините деца. Подоцна, Мајката и секретарот се селат во друга земја, но секретарот умира и семејството запаѓа во беда, така што тоа повторно се враќа назад. Мајката почнува да работи во божемниот кројачки салон на Мадам Паче за да може да ги издржува децата. Тој кројачки салон, всушност, е јавна куќа, во која Пасторката работи како [[Проституција|проститутка]], а исцрпувачката работа на Мајката е само завеса зад која се крие вистинскиот извор на приходите на семејството. Кулминацијата настапува кога Таткото доаѓа во јавната куќа и води љубов со Пасторката, без да знае која е таа. Подоцна, Пасторката оди во домот на Таткото и успева да издејствува тој да го прими целото семејство. Меѓутоа, нивното доаѓање му пречи на Синот, кој потекнува од [[брак]]от на Таткото и Мајката, но бил одделен од Мајката од двегодишна возраст. Синот се смета себеси за единствениот законски наследник на Таткото и не е наклонет кон своите присестри. Истовремено, тој е рамнодушен кон Мајката и гледа со презир кон Таткото, додека Мајката тагува поради неможноста да воспостави близок однос со Синот кого не го видела две децении. Најпосле, драмата завршува трагично, зашто Девојчето се дави во [[бара]]та во градскиот парк, а Момчето наоѓа [[револвер]] и извршува [[самоубиство]].<ref>Luiđi Pirandelo, ''Šest lica traži pisca''. Beograd: Paidea, 2008.</ref>
 
Во делото, оваа семејна [[трагедија]], всушност, е испрекинато раскажана од членовите на семејството, додека на сцената се случува нешто сосема друго: Во еден [[театар]], лицата означени како: Директор на драмата, Прв глумец, Прва глумица, Втор глумец, Суфлер, итн., се подготвуваат за проба на една [[комедија]] од Пирандело. Неочекувано, на сцената се појавуваат членовите на семејството и бараат да се изведува „нивната драма“. На почетокот, директорот и глумците негодуваат поради тоа што им е прекината пробата, но постепено стануваат заинтересирани за приказната на семејството, а Директорот се согласува дека нивната драма е поинтересна и планира да ја запише. Во таа првична конфронтација меѓу Директорот и шесте лица, тие упорно тврдат дека театарот е илузија, а дека токму тие се живи и дека тие ја претставуваат стварноста. На тој начин, сите традиционални видливи разлики меѓу сцената и реалноста стануваат измешани, бидејќи на сцената се реални само глумците, а членовите на семејството како да доаѓаат од „некоја друга реалност“ и стануваат свои сопствени глумци. Односите меѓу вработените во театарот и „лицата кои го бараат својот писател“ не можат докрај да се разберат на ниедно вообичаено ниво: членовите на семејството не се глумци, но тие се глумат себеси врз основа на она што го правеле во својот вистински живот. Глумците пак, наликуваат на реални ликови, кои на сцената всушност ништо не глумат. Иако во „Шест лица го бараат авторот“ нема формална поделба на чинови и на сцени, во првиот дел на драмата е прикажано појавувањето на шесте лица, кои фрагментарно ја раскажуваат својата животната историја, додека во вториот дел на драмата, директорот се обидува да направи импровизирана проба за „новата“ драма. Притоа, кога глумците од театарот почнуваат да глумат, шесте ликови почнуваат да негодуваат, барајќи самите да го „играат“ својот живот. На крајот, драмата завршува така што шесте лица исчезнуваат од сцената.<ref>Luiđi Pirandelo, ''Šest lica traži pisca''. Beograd: Paidea, 2008.</ref>
 
Така [[трагедија]]та лесно преминува во [[комедија]], и обратно. [[Пирандело]] овој длабок парадокс успеал да го обликува така што хаотичното мешање на илузиите и реалноста сепак не се претвора во хаотично дело. Сите делови на драмата, сите нејзини елементи и сите односи меѓу ликовите се цврсто поврзани со внатрешната логика. Сепак, биле потребни големи промени во навиките и вкусот на публиката за оваа драма да биде најпосле прифатена како уметничко дело.