Драмска уметност: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
→Теорија на драмската уметност: дополнување |
|||
Ред 22:
Во својот [[роман]] „[[Портрет на уметникот во младоста]]“, ирскиот писател [[Џејмс Џојс]] ја дели [[уметност]]а на три облици што произлегуваат еден од друг: [[Лирика|лирски]] облик во кој уметникот ја дава својата слика во непосреден однос кон себеси; [[Епика|епски]] облик во кој ја дава својата слика во посреден однос кон себеси и кон другите; и драмски облик во кој ја дава својата слика во непосреден однос кон другите. Притоа, драмскиот облик се достигнува кога животната сила ја исполнува личноста толку многу што таа поприма посебен и недофатлив естетски живот. Тогаш, личноста на уметникот престанува да постои и станува безлична. Естестката претстава во драмскиот облик е животот пречистен во човечката фантазија повторно проектиран од неа. Тогаш, уметникот, како [[Бог]]а, останува во своето дело или покрај или зад или над него, невидлив и облагороден толку многу што повеќе не постои.<ref>Džems Džojs, ''Portret umetnika u mladosti''. Beograd: Rad, 1964, стр. 223-224.</ref>
Според Карло Рагијанти, кога од [[книга]]та се преминува на сцената се јавува нов уметнички род - претставата чиј автор е новиот ликовен уметник - режисерот, додека остатокот, независно дали се работи за „[[Хамлет]]“ е само техничко средство, претекст. Во таквите случаи не треба да го бараме авторот на пишаниот збор или тој треба да се бара во [[Библиотека|библиотеките]], зашто во театарот нема да го најдеме. Според него, постои една група [[режисер]]и, до [[Станиславски]] до Копо, која го почитува текстот и ги истакнува неговите поетски квалитети. Но, постои и друга група режисери ([[Гордон Крејг]], Тајров, Меерхолд и Пискатор) за која претставата е сè а текстот е ништо. Според Рагијанти, овие режисери се вистински уметници на претставата. Ваквата поделба имплицитно
Во есејот „Немаме од што да се плашиме, но...“ од 1961 година, Еуџенио Монтале тврди дека современиот театар е во агонија, зашто не успева да биде доволно современ, а вистинкиот поетски театар се прифаќа само кога се претвора во спектакл.<ref>Euđenio Montale, ''Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi''. Beograd: Rad, 1979, стр. 135.</ref>
|