Разлика помеѓу преработките на „Ортов Облак“

Додадени 102 бајти ,  пред 2 години
нема опис на уредувањето
Во 1932 година естонскиот астроном [[Ернст Опик]] ја изнел претпоставката дека долгопериодичните комети се однесуваат на орбитирачкиот облак на крајната граница со [[Сончевиот систем]]. Холанѓанецот [[Јан Хенрик Орт]] ја развива претпоставка и поставил хипотеза за постоењето на облакот на основа на надгледувањата на орбиталните карактеристики на долгопериодичните комети. Идејата е да се заснова на факти дека при поминувањето покрај [[Сонцето]] кометата губи дел од својата маса, така што веот им е ограничен на сите 10.000 поминувања. Со обзир на тоа дека некој комети имаат многу кратки периоди (Халијевата комета-76 години), а да се појавува често, тогаш, кога тоа ќе се спореди со стариот Сончев систем (околу 4 и пол милијарди години), тогаш мора да постои некој извор на комети во просторот на работ на Сончевиот систем.
Според хипотезата на Ортовиот облак, облакот се наоѓа на 50.000 Астрономски Единици од [[Сонцето]], а се протега и до 200.000 Астрономски Единици далеку во вселената. Сепак модерните проценки говорат дека внатрешната граница на Ортовиот облак на 2000-5000 Астрономски Единици, а проценките за надворешната граница одат од 50000 Астрономски Единици па се до 200.000 Астрономски Единици што е половина пат до најблиската ѕвезда. Се претпоставува дека се состои од околу 500 милијарди кометни јадра кој се потполно зелени поради слабата радијација на Сонцето на таа оддалеченост. Со обзир на огромната димензија на облакот и покрај големиот број на комети, јадрата на кометите се меѓусебно оддалечени десетици милиони километри. Вкупната маса на материите во Ортовиот облак е околу 40 Земјини маси (некои проценки дури и до 100). Гравитацијата на [[Сонцето]] е слаба така што на движењето на телата во Ортовиот облак влијаат и соседните ѕвезди. Надворешните гравитациони впечатоци лесно го исфрлаат јадрото на кометите од облакот и го насочуваат кон внатрешноста на Сончевиот систем. Освен околните ѕвезди голем впечаток на мрдањето на јадрото на кометите може да имаат и големи облаци на молекуларниот водород од кој настануваат нови ѕвезди и нивните системи, а кои наидуваат во просек еднаш во 300-500 милиони години, како и галактичките плимни сили кој се последица на различните оддалечености од Сонцето икомета од средишниот дел на Млечниот пат. Овие сили можат да исфрлат јадро на комета од Ортовиот облак во меѓуѕвездени простори или да гои насочато кон Сонцето. Од таа причина Ортовиот облак е извор на долгопериодични комети.
 
== Поврзано ==
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
== Надворешни врски ==
 
 
 
[[Категорија:Сончев систем]]