Иван Бунин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Творештво: дополнување
→‎Биографија: ситна поправка
Ред 4:
 
==Биографија==
Бунин потекнувал од сиромашно благородничко [[семејство]]. Детството и дел до младоста ги поминал на татковиот имот Бутирка, во Орловската губернија, но кога имал 13 години, татко му го продал имотот. Поради материјалните тешкотии, на возраст од 14 години, Бунин морал да го прекине школувањето и завршил само [[гимназија]]. Воспитан во љубов кон [[наука]]та, [[поезија]]та и [[музика]]та, Бунин читал многу и се самообразовал, така што самостојно добро го научил [[Англиски јазик|англискиот јазик]]. Ги обиколил [[Русија]] и [[Украина]], работејќи како коректор, [[Библиотека|библиотекар]], [[театар]]ски критичар, рецезент и [[публицист]]. Исто така, често патувал низ [[Европа]], [[Азија]] и [[Африка]]. Во 1909 година бил избран за почесен член на Петербушката академија на науките, а во 1920 година емигрирал во [[Франција]], каде што останал до крајот на животот.<ref>Lav Zaharov, „Proza Ivana Bunjina“, во: Ivan Bunjin, ''Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke''. Beograd: Rad, 1964, стр. 133.</ref> За време на нацистичката окупација на Париз, во својто стан Бунин ги криел луѓето кои ги барале [[Гестапо]] и [[Филип Петен|Петеновата]] [[полиција]].<ref>Lav Zaharov, „Proza Ivana Bunjina“, во: Ivan Bunjin, ''Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke''. Beograd: Rad, 1964, стр. 139.</ref> Од страна на пријателите, Бунин бил опишуван како воздржан, сталожен и дистанцирано ироничен човек со студено, академско однесување, кој не бил наклонет да ја открива својата внатрешност дури ни во пријателските разговори за кои, всушност, немал многу дарба.<ref>Lav Zaharov, „Proza Ivana Bunjina“, во: Ivan Bunjin, ''Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke''. Beograd: Rad, 1964, стр. 133.</ref>
 
==Творештво==
Бунин пишувал поезија и проза, а поркај тоа, преведувал дела од англиски и од [[полски јазик]]. Во 1891 година во [[Орел (град)|Орел]], [[Русија]], тој ја објавил првата збирка [[поезија]], а во 1897 година - првата книга раскази. Иако во тој период соработувал со [[Максим Горки]], тоа не резултирало во никакви социјални тенденции во неговото творештво. Бунин останал надвор од модерните текови, продолжувајќи ја руската класична [[Реализам|реалистичка]] традиција на [[Александар Тургенев]], [[Иван Гончаров]] и [[Лев Толстој]]. Неговите дела се одликуваат со оригинален стил и со изразита творечка идивидуалност. Во 1933 година, тој ја добил Нобеловата награда за книжевност, како прв руски писател кому му било доделено ова признание.