Василиј Кандински: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 27:
Во својата дваесет и деветта година од животот (1896г.), за првпат ја видел изложбата на француските [[Импресионизам|импресионисти]] која била пресудна да ја напушти правната кариера. Така тој заминал за [[Минхен]] да студира [[сликарство]] во [[1900]] година каде се стекнал со диплома од тамошната Кралска Академија.
 
Како значаен период во собирање на искуство е неговиот престој во [[Париз]] есента [[1902]] и во [[Тунис]] [[1902]]-[[1903]] година, потоа неговиот едногодишен престој во [[Италија]] од каде заминал за [[Дрезден]]. Повторно се вратил во [[Париз]] во [[1906]] година каде останал една година. Во [[1908]] година се вратил во [[Минхен]] каде останал да живее во наредните шест години.
 
Во своето дванаесет годишното чиракување (1895-1907), Кандински собрал големо искуство. Во периодот кога тој дошол во [[Минхен]] во [[1908]] година неговото сликарство веќе минало низ кеколку сликарски фази од академизам, кој го научил на Краската Академија преку народната уметност, импресионизмот, постимпресионизмот, сè додека не решил со своите четриесет и две години да ги собере сите свои искуства и да ја формира својата интуиција во поглед на можностите во сликарската уметност. Во своите дванаесет години талкање и чиракување се сретнал со [[Пол Сезан]] и го разгледувал Париз помеѓу 1902 - 1906 година. Оттаму се вратил во Минхен и започнал да се раководи од сопствените нагони. Разултатот бил потполна еманципација од влијанијата под кои бил до тогаш.