Бардо Тодол: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
дополнување
Ред 1:
'''Бардо Тодол''' ([[Тибетски јазик|тибетски]]: ''བར་དོ་ཐོས་གྲོལ'') – [[Тибет|тибетски]] [[Будизам|будистички]] текстови за искуството на [[душа]]та по [[смрт]]та. Во [[Западна хемисфера|Западната хемисфера]] книгата е позната како „[[Тибетска книга на мртвите]]“. Буквално преведено, „Бардо Тодол“ значи „Ослободување преку слушање (Тодол) во посмртната рамнина (Бардо)“, а изразот „Бардо“ е изведен од тибетските зборови „бар“ (помеѓу) и „до“ (два). <ref>''Tibetanska knjiga mrtvih – Posmrtna iskustva u Bardo Ravni'' (Sakupio i izdao V. J. Evans Venc). Beograd: Prosveta, 1988, стр. 27.</ref>
 
==Содржина==
„Бардо Тодол“ се состои од два основни текста:<ref>''Tibetanska knjiga mrtvih – Posmrtna iskustva u Bardo Ravni'' (Sakupio i izdao V. J. Evans Venc). Beograd: Prosveta, 1988.</ref>
* Прва книга: Чикаи Бардо и Чоњин Бардо
** Прв дел: Бардо на моментот на смртта
** Втор дел:
*** Бардо на доживувањето на стварноста
*** Зазорување на мироносните божества од првиот до седмиот ден
*** Зазорување на гневоносните божества од осмиот до четиринаесеттиот ден
* Втора книга: Сидпа Бардо
** Прв дел: Посмртниот свет
** Втор дел: Процесот на повторното раѓање
 
==Прва книга – Чикаи Бардо и Чоњид Бардо==
==Осврт кон книгата==
„Бардо Тодол“ претставува учење за ослободување преку слушање, која има за цел да им подари духовен водич на луѓето при патувањето низ Посредната состојба (Бардо), т.е. привремената состојба меѓу [[смрт]]та на физичкото тело и неговото повторно раѓање. Притоа, како претходна подготовка треба да послужат неколку расправи за патувањето по бодичката Патека низ овој свет, познати како Насоки. Според Насоките, највисоките интелекти би требало веднаш да бидат ослободени, а ако не се случи тоа, тогаш, додека се наоѓаат во Посредната состојба на моментот на смртта, тие треба да го практикуваат Преносот на принципот на свеста, којшто обезбедува автоматско ослободување само со тоа што ќе биде запаметен. Оние кои нема да бидат ослободени дури и со тоа, би требало да го слушаат „Бардо Тодол“, со цел да постигнат ослободување преку слушањето на ова учење. Според тоа, ако Преносот на принципот на свеста е остварен, нема потреба да се чита „Бардо Тодол“, а во спротивно, текстот треба да се чита покрај мртвото тело. Притоа, ламата којшто му бил гуру на покојникот треба да се доближи до неговото уво (но, да не го допира) и така да го чита „Бардо Тодол“. Ако телото не покојникот не е присутно, тогаш тој што го чита „Бардо Тодол“ треба да го заземе креветот или омиленото место на покојникот и, замислувајќи дека тој е тука, треба да го чита текстот при што блиските на покојникот не смеат да плачат и да тагуваат. Инаку, „Бардо Тодол“ треба да се чита трипати или седумпати, во зависност од околностите.<ref>''Tibetanska knjiga mrtvih – Posmrtna iskustva u Bardo Ravni'' (Sakupio i izdao V. J. Evans Venc). Beograd: Prosveta, 1988, стр. 29-32.</ref>
Според тибетската традиција, „Бардо Тодол“ потекнува од [[9 век]] и претставува едно од делата на [[Падма Самбхава]] (Големиот, Благороден гуру на Бардо Тодол и основачот на [[Ламаизам|ламаизмот]]), кои долго време биле скриени од јавноста, по прогонот на тибетските будисти од страна на [[Лангдарма]].<ref>''Tibetanska knjiga mrtvih – Posmrtna iskustva u Bardo Ravni'' (Sakupio i izdao V. J. Evans Venc). Beograd: Prosveta, 1988, стр. 14 и 29.</ref> Денес, „Бардо Тодол“ е во широка употреба на [[Тибет]], каде се чита како молитвеник.<ref>''Tibetanska knjiga mrtvih – Posmrtna iskustva u Bardo Ravni'' (Sakupio i izdao V. J. Evans Venc). Beograd: Prosveta, 1988, стр. 20.</ref> Автентичното и оригиналното јадро на „Бардо Тодол“ го сочинуваат „Коренитите стихови на шесте Бардо“ и „Патеките на добрите желби“, а подоцна, околу нив биле додавани коментари во вид на прозни текстови.<ref>''Tibetanska knjiga mrtvih – Posmrtna iskustva u Bardo Ravni'' (Sakupio i izdao V. J. Evans Venc). Beograd: Prosveta, 1988, стр. 22.</ref> На читателите од Западната хемисфера Бардо Тодол им станал достапен во 1927 година, кога книгата била објавена на [[англиски јазик]] од страна на д-р [[Волтер Еванс Венц|Волтер Јилинг Еванс Венц]], кој истовремено бил и преведувач, заедно со Лама Кази Дава Самдуп.<ref>''Tibetanska knjiga mrtvih – Posmrtna iskustva u Bardo Ravni'' (Sakupio i izdao V. J. Evans Venc). Beograd: Prosveta, 1988, стр. 11.</ref>
 
===Прв дел: Бардо на моментот на смртта===
„Бардо Тодол“ започнува со упатство за соочување со симптомите на смртта при што како прв степен на Чикаи Бардо се јавува прворедната Јасна Светлост видена во моментот на смртта. Ова упатство треба да го даде гуруто на покојникот или некој друг учен човек од верата. Најпрвин, покојникот треба јасно да ги сфати трите основни симптоми на смртта: Телесното чувство на [[притисок]], чувството на влажен студ и чувството како телото да се разградува на [[Атом|атоми]]. По читањето на Бардо Тодол, покојникот би требало да ја препознае прворедната Јасна Светлост, со што тој е ослободен. Меѓутоа, ако не се случи тоа, нему му се чита упатството за вториот степен на Чикаи Бардо – второстепената Јасна Светлост, која доаѓа во малку подолг временски период по престанокот на дишењето. Целта е да се разбуди умот на покојникот и тој да постигне ослободување. Додека се наоѓа во овој степен на Бардо, човековото тело е во состојба на „Маја-рупа“, т.е. чисто (сјајно) илузорно тело или астрално тело, кое претставува етерички дупликат на физичкото тело. Ако „Бардо Тодол“ е успешно применет во овој степен на Бардо, тогаш кај покојникот се јавува состојба на луцидност и тој ја среќава Мајката-Стварност и Никулец-Стварност („Дхарма Матри Путра“) и покојникот нема да биде изложен на кармичките илузии при патувањето низ Бардо.<ref>''Tibetanska knjiga mrtvih – Posmrtna iskustva u Bardo Ravni'' (Sakupio i izdao V. J. Evans Venc). Beograd: Prosveta, 1988, стр. 33-44.</ref>
 
===Втор дел: Бардо на доживувањето на стварноста===
Ако човекот не ги препознал прворедната и второредната Јасна Светлост и не постигнал ослободување, настапува третото Бардо, наречено Чоњид Бардо. Ова е третиот степен на Бардо (преодната состојба по смртта) во којшто на покојникот му се појавуваат [[Карма|кармичките]] илузии. Поради тоа, нему треба да му се чита „Бардо Тодол“ за да се оспособи за соочувањето со нив. Во оваа фаза, покојникот може да ги види својот погреб и оплакувањето од страна на блиските, но тие не можат да го слушнат него, така што тој заминува незадоволен. Притоа, нему му се појавуваат зраци, звуци и светлости кои го запрепастуваат, го плашат и му предизвикуваат замор. Тогаш, тој што го извршува обредот треба да го повика на име покојникот и да почне со читање на овој дел од „Бардо Тодол“ за да го подготви за соочување со шесте состојби на Стварноста на Бардо. Со помош на оваа поука, покојникот треба да разбере дека неговото нематеријално тело не може да умре и дека сите кармички илузии на кои ќе биде изложен се само негови мисловни привиденија.<ref>''Tibetanska knjiga mrtvih – Posmrtna iskustva u Bardo Ravni'' (Sakupio i izdao V. J. Evans Venc). Beograd: Prosveta, 1988, стр. 45-48.</ref>
 
'''Зазорување на мироносните божества од првиот до седмиот ден''': Целокупната стварност на Бардо трае 49 дена кои покојникот треба да ги преброди. Во текот на првите седум дена нему му се појавуваат Мироносните Божества. Три и половина дена по смртта, покојникот ќе се освести и ќе сфати дека е мртов и во тоа време целата [[Сангсара]] ќе му изгледа како отпревртена, т.е. сите појави доживеани во човечкиот свет ќе бидат измешани и несредени. Тогаш, во првиот од седумте дена, од Централната сфера на покојникот ќе му се појават Мирононсите Божества (Багаван Ваирочана, Дарма-Дату, Акаса Дату Ишвари итн.), осветлени со различни бои. Во вториот ден, од источната сфера на покојникот ќе му се појави Ваџра-Сатва заедно со шесте бодички божества, придружени со силна светлина. Третиот ден се појавува Бхагаван Ратна-Самбхава, со неговите придружни божества. Четвртиот ден се појавува Багаван Амитаба со неговите божества, повторно облеани во силна светлина. Петтиот ден се појавува Багаван Амога-Сиди со неговите божества. Шестиот ден се појавуваат заедно сите божествени Татковци-Мајки на Петте Реда (Дјани Буда) или вкупно 42 божества. Најпосле, седмиот ден на покојникот ќе му се појават божествата што го поседуваат Знаењето, кои доаѓаат од светите рајски сфери. Во текот на овие седум дена, покојникот треба да ги препознае и да ги прифати Мироносните божества, кои ќе му подарат ослободување. Меѓутоа, истовремено, тој е изложен и на матни светлини што доаѓаат од пеколот коишто кај него ги поттикнуваат лошите чувства, како: љубомора, самољубие, скржавост итн. Овие светлости го привлекуваат покојникот, а тој треба да ги отрфли и да ги прифати Мироносните Божества.<ref>''Tibetanska knjiga mrtvih – Posmrtna iskustva u Bardo Ravni'' (Sakupio i izdao V. J. Evans Venc). Beograd: Prosveta, 1988, стр. 48-73.</ref>
 
'''Зазорување на гневоносните божества од осмиот до четиринаесеттиот ден''': Во Бардо на Мироносните Божества, покојникот се среќава со седум степени на замки. Така, по заоѓањето на Мироносните и на Божествата кои го поседуваат Знаењето, покојникот се соочува со 58 Гневоносни Божества кои, всушност, се Мироносните Божества во изменет облик. Во овој Бардо, покојникот е под влијание на стравот и ужасот предизвикани од Гневоносните Божества, поради што неговиот интелект запаѓа во бројни состојби што ја заматуваат свеста. Притоа, поради стравот, обичните луѓе ќе паѓаат во бездната на несреќните светови и ќе страдаат, додека оние што се посветени во мистичната мантрајана лесно ќе ги препознае Гневоносните Божества како свои заштитнички божества, ќе се стопат во нив и ќе постигнат ослободување. Осмиот ден ќе се појави Буда Херука, во придружба на Буда Кротишорима, а во стварноста, тоа е Бхагаван Ваирочана, т.е. Таткото-Мајка. Деветтиот ден ќе се појави Багаван Ваџра Херука, десеттиот ден ќе се соочи со Ратна Херука, единаесеттиот ден со Багаван Падма Херука, а дванаесеттиот ден со Карма Херука. Тринаесеттиот ден ќе се појават Осумте Гневоносни, т.е. божиците наречени Керими и Хтаменми кои имаат различни животински глави. Најпосле, четиринаесеттиот ден ќе се појават четирите женски Чувари на Вратите: Белата Божица со глава на [[тигар]], Жолтата божица со глава на маторица, Црвената божица со глава на [[лав]] и Зелената божица со глава на [[змија]], заедно со бројни други Херуки (вкупно 28). Покојникот не треба да се исплаши од страшниот изглед на божествата кои пијат [[крв]], ниту од нивните огромни димензии или заканите што ги упатуваат, туку треба да ги препознае, со што ќе постигне ослободување. Притоа, токму читањето на Бардо Тодол, надополнето со читање на Тадол и на други молитви треба да му помогне на покојникот да се соочи со стварноста во Посредната состојба (Бардо).<ref>''Tibetanska knjiga mrtvih – Posmrtna iskustva u Bardo Ravni'' (Sakupio i izdao V. J. Evans Venc). Beograd: Prosveta, 1988, стр. 73-94.</ref>
 
==Втора книга – Сидпа Бардо==
Оваа книга го претставува главниот дел на длабокоувидната суштина на ослободувањето преку слушање.
===Прв дел: Посмртниот свет===
Овој дел содржи упатства за извршување на обредите за умрените со лоша карма и оние кои под влијание на лошата карма ги зафатиле страв и ужас, така што во претходните стадиуми на Бардо не успеале да ги препознаат божествата.<ref>''Tibetanska knjiga mrtvih – Posmrtna iskustva u Bardo Ravni'' (Sakupio i izdao V. J. Evans Venc). Beograd: Prosveta, 1988, стр. 96.</ref>
 
'''Бардо-тело – неговото раѓање и наднормалните способности''': Откако претходно биле прочитани молитвите кои ги повикуваат [[Буда]] и [[Бодисатва]], покојникот се повикува трипати или седумпати и му се објаснува дека по три и половина дена од смртта ќе изникне неговото Бардо-тело. Иако многу личи на материјалното тело на покојникот, ова тело е зрачно тело, облагородено со одредени знаци и убавини на совршенството. Бардо-телото е родено од желбите и тоа претставува халуцинација на мисловниот облик во Посредната состојба. Во тоа време, на покојникот ќе му се појават визии на местото во кое тој треба повторно да се роди: како суштество од [[Пекол]]от, како асура или човечко суштество, како дивјак, како прета итн. Притоа, покојникот не треба да биде привлечен од овие визии, туку треба да го сочува интелектот непомрачен, во празна состојба и да [[Медитација|медитира]] над неговото заштитничко божество или над неговиот гуру. исто така, обредникот му објаснува на покојникот дека има способност да се најде на секое место во светот, да поминува низ [[Карпа|карпи]] и планини итн., но тој не треба да ја посакува таквата моќ, туку треба да се моли и да медитира.<ref>''Tibetanska knjiga mrtvih – Posmrtna iskustva u Bardo Ravni'' (Sakupio i izdao V. J. Evans Venc). Beograd: Prosveta, 1988, стр. 96-101.</ref>
 
'''Битните својства на егзистенцијата во Посредната состојба''': Во Посредната состојба, покојникот може да ги види и слушне своите роднини и пријатели, но тие не можат да го забележат. Кога ќе ги види нив како го оплакуваат, покојникот ќе сфати дека е мртов и ќе падне во очај. Неговото Бардо-тело ќе биде носено ваму-таму, без никаков ред, а тој ќе има бројни халуцинации – [[Демон|демони]], [[снег]], [[ветар]], [[дожд]], заканувачки зборови, мрак, страшни звуци итн. Бегајќи од халуцинациите, телото ќе стигне до три бездни – бела, црна и црвена, но тоа се Лутењето, Копнежот и Глупоста. Луѓето кои во текот на животот стекнале заслуги или биле многу религиозни, во оваа состојба ќе се соочат со халуцинации на среќа у уживања, а некои ќе западнат во тапа рамнодушност. Но, во сите случаи, умрениот треба да медитира и да се моли, а сите халуцинации да ги отфрли. Во оваа состојба на Сидпа Бардо, умрениот се наоѓа околу 22 дена, но поради влијанието на лошата карма, утврдениот период не е извесен и може да трае неколку недели, сè до 49. ден. Воопшто, во оваа состојба, умрениот не може да се прибере на едно место, туку постојано скита ваму-таму, барајќи го своето материјално тело, но таквите стремежи носат само неволји. Ако покојникот ги отфрли таквите стремежи и го доведе [[ум]]от во состојба на спокојство, тој ќе биде ослободен од Посредната состојба (Бардо).<ref>''Tibetanska knjiga mrtvih – Posmrtna iskustva u Bardo Ravni'' (Sakupio i izdao V. J. Evans Venc). Beograd: Prosveta, 1988, стр. 101-107.</ref>
 
'''Судот''': Ако поради лоша карма, умрениот не се здобил со ослободување, обредникот треба и понатаму да му чита молитви, поттикнувајќи го на медитација над Големиот [[Симбол]]. Овде, на покојникот ќе му се појават Добриот [[Дух]], кој ќе му ги брои добрите дела, и Лошиот Дух, кој ќе му ги брои лошите дела направени во текот на животот. Ако покојникот одрекува дека направил лоши дела, тогаш [[Бог]]от на Смртта ќе погледне во Огледалото на кармата во кое се отсликуваат сите дела направени во текот на животот. исто така, една од фуриите на Богот на Смртта ќе му ставина покојникот јаже околу вратот, ќе му ја пресече [[глава]]та, ќе му го растргне телото, ќе му ја оие крвта, ќе му го јаде месото и ќе му ги глода [[коски]]те. Но, умрениот не треба да се плаши од овие болки, зашто неговото астрално тело не може да умре, туку треба да се обиде да ги препознае четирите Каи – Дарма-Каја, Самбога-Каја, Ади-Каја и Нирмана-Каја и така да постигне ослободување. Оваа фаза е од особена важност, зашто ако покојникот не успее да препознае, тој ќе замине на местото каде нема ослободување.<ref>''Tibetanska knjiga mrtvih – Posmrtna iskustva u Bardo Ravni'' (Sakupio i izdao V. J. Evans Venc). Beograd: Prosveta, 1988, стр. 107-110.</ref>
 
'''Сèпредодредувачкото влијание на мислите''': Бидејќи умрениот има нематеријално тело, мислите што ќе му се појават за време на престојот во Бардо ќе имаат пресудно влијание врз неговото идно раѓање. Затоа, ако тој не успела претходно да постигне ослободување, обредникот треба да продолжи да го советува да не мисли на материјалните добра што ги оставил зад себе, да не им се лути на наследниците, да не им се лути на роднините и на свештениците ако неправилно извршуваат некој погребен обред и да не создава безбожни мисли, зашто таквите мисли ќе го одведат покојникот во Пеколот. Наспроти тоа, умрениот треба да изговара определена молитва која ќе му обезбеди раѓање во повисоките рамнини.<ref>''Tibetanska knjiga mrtvih – Posmrtna iskustva u Bardo Ravni'' (Sakupio i izdao V. J. Evans Venc). Beograd: Prosveta, 1988, стр. 110-114.</ref>
 
'''Зазорување на светлоста на Шесте Локи''': Ако е големо влијанието на лошата карма на покојникот, обредникот треба да продолжи да го подучува, објаснувајќи му дека неговото минато тело ќе биде сè понејасно, додека идното тело ќе станува сè појасно. Тогаш, на покојникот ќе му се појават светлостите на Шесте сангсарички Локи, кои ќе имаат различно бои во зависност од светот во којшто треба да се роди неговото идно тело. Притоа, најсилно ќе свети светлоста од оној свет каде повторно ќе се роди покојникот. Тогаш, од исклучителна важност е покојникот да ја прифати секоја светлост како таа да е самиот Семилосен и да медитира над местото во кое треба повторно да се роди и над Јасната Светлина. Притоа, покојникот треба да му дозволи на неговото заштитничко божество да се растопи, а истовремено да му дозволи на својот ум да се растопи, со цел да биде спречено повторното раѓање.<ref>''Tibetanska knjiga mrtvih – Posmrtna iskustva u Bardo Ravni'' (Sakupio i izdao V. J. Evans Venc). Beograd: Prosveta, 1988, стр. 114-116.</ref>
 
===Втор дел: Процесот на повторното раѓање===
'''Затворање на вратата на матката''': Доколку горните обиди завршат неуспешно и покојникот е совладан од илузиите, тој доаѓа до вратата на [[Матка|матката]] при што добива чувство како да слегува, т.е како да се движи надолу. Во тој случај, тој што го извршува обредот треба да ја затвори вратата на матката. Притоа, постојат два основни начина како да се направи тоа: прво, да се спречи покојникот да влезе низ вратата на матката и второ, да се затвори вратата на матката. Првиот начин се состои во тоа што обредникот треба да го поучи покојникот да медитира над неговото заштитничко божество, предизвикувајќи тоа да се растопи од [[нозе]]те надолу, а потоа да продолжи да медитира над неисполнетата Јасна Светлост.<ref>''Tibetanska knjiga mrtvih – Posmrtna iskustva u Bardo Ravni'' (Sakupio i izdao V. J. Evans Venc). Beograd: Prosveta, 1988, стр. 117-118.</ref>
 
Во продолжение, постојат пет различни методи за да се затвори вратата на матката: првиот метод се состои во тоа што покојникот треба својот ум да го насочи само кон една, единствена одлука, како и да мисли на духовната врска со својот духовен учител или со читачот на „Бардо Тодол“; доколку покојникот има визија на многу соединети мажи и жени, треба да се примени вториот метод, кој се состои од медитирање над божествениот Гуру Татко-Мајка и над некое заштитничко божество, нудејќи им умствени дарови; ако покојникот треба повторно да се роди како машко, тој ќе почувствува привлечност кон мајка си и одбивност кон татко си, а спротивна привлечност (одбивност) се појавува ако тој треба да се роди како жена. Оттука, ако кон него се појават привлечност и одбивност од овој тип, тој треба да го осознае тоа и да вети дека ќе ги отрфли привлечноста и одбивноста, а тоа е третиот метод на затворање на вратата на матката; четвртиот метод се состои во тоа што, соочен со вратата на матката, покојникот треба да го примени учењето „Невистинито и Лажно“, т.е. да сфати дека сите негови дотогашни илузии се нестварни и лажни, дека во нив нема вистина и дека не треба да им биде приврзан; петтиот метод се сведува на медитација над Јасната Светлост, со што умот на покојникот треба да почива во несоздадената, природна и јасна состојба. Овие методи гарантираат затворање на вратата на матката, зашто додека се наоѓа во Бардо покојникот има наднормални способности за забележување, т.е. неговите способности се совршени, а паметењето му е деветпати побистро во споредба со времето додека бил жив. Оттука, од особена важност е по смртта на човекот постојано да му се чита „Бардо Тодол“ во текот на 49 дена.<ref>''Tibetanska knjiga mrtvih – Posmrtna iskustva u Bardo Ravni'' (Sakupio i izdao V. J. Evans Venc). Beograd: Prosveta, 1988, стр. 118-126.</ref>
 
'''Одбирање на вратата на матката''': Сепак, поради некои причини (покојникот имал многу лоша карма, не бил навикнат на побожни должности или бил незнабожец во текот на многу еони), можно е горните методи да не ја затворат вратата на матката. Поради тоа, тој што го врши обредот треба да ги повика на помош сите Буди и Бодисатви, повторно да ја повтори поуката за затворање на вратата на матката и да го посоветува покојникот како најдобро да ја одбере матката, која ќе му овозможи да се роди во ново тело.<ref>'''Tibetanska knjiga mrtvih – Posmrtna iskustva u Bardo Ravni''' (Sakupio i izdao V. J. Evans Venc). Beograd: Prosveta, 1988, стр. 126-127.</ref>
 
'''Визиите за местата на повторното раѓање''': Тој што го врши погребниот обред го поушува покојникот како да ги препознае знаците кои упатуваат на одделните [[континент]]и и места на повторното раѓање. На пример, источниот континент Лупах е претставен како езеро со машки и женски [[лебед]]и. Покојникот не треба да влегува на тој континент, зашто таму не преовладува религијата. Јужниот континент Јамбу е претставен како монументални палати и покојникот треба да влезе таму. Северниот континент Дамињан е прикажан како [[езеро]] околу кое пасе стока. И на тој континент не треба да се влегува, зашто таму не преволадува религијата. Слично на тоа, поединечните светови во кои може да се роди човекот се претставени на различни начини: асура е претставена како прекрасна [[шума]] со огнени кругови околу неа; пештерите и јамите во земјата укажуваат дека таму човекот ќе се роди како ѕвер; пустите рамнини и [[Џунгла|џунглите]] го означуваат светот во кој човекот ќе се роди како прета; додека песните како плач заедно со црни и бели куќи и црни патишта, го означуваат Пеколот во кој покојникот долго време ќе трпи болки и маки.<ref>''Tibetanska knjiga mrtvih – Posmrtna iskustva u Bardo Ravni'' (Sakupio i izdao V. J. Evans Venc). Beograd: Prosveta, 1988, стр. 127-129.</ref>
 
'''Заштита од фуриите-мачителки''': Откако ќе ги здогледа визиите за местата на повторното раѓање, покојникот ќе чувствува желба да влезе во некое од нив со цел да се засолни од фуриите-мачителки кои ги прогонуваат, заедно со дождовните бури и ледените ветришта. Влегувајќи во некое од тие места, покојникот, всушност, влегол во матката од која ќе се роди како ново тело. Тоа е знак дека него го вознемируваат злите духови и тогаш покојникот треба визуелно да го претстави Врховниот Херука, Хајагрива, Ваџра-Пани или некое друго заштитничко божество, зашто тие имаат моќ да ги избркаат злите духови.<ref>''Tibetanska knjiga mrtvih – Posmrtna iskustva u Bardo Ravni'' (Sakupio i izdao V. J. Evans Venc). Beograd: Prosveta, 1988, стр. 129-131.</ref>
 
'''Изборот меѓу наднормално раѓање или матерично раѓање''': Ако фуриите го принудат покојникот да влезе во некоја матка, тој треба да медитира над Хајагрива и внимателно да ја избере матката, а тоа може да го направи зашто поседува наднормални спсообности кои му овозможуваат да ги види сите можни места на повторното раѓање. Притоа, тој има на располагање две можности: пренос на принципот на свеста во чистата сфера на Буда, и избор на нечистата сангсаричка врата на матката.<ref>''Tibetanska knjiga mrtvih – Posmrtna iskustva u Bardo Ravni'' (Sakupio i izdao V. J. Evans Venc). Beograd: Prosveta, 1988, стр. 131.</ref>
 
==Осврт кон книгата==
Според тибетската традиција, „Бардо Тодол“ потекнува од [[9 век]] и претставува едно од делата на [[Падма Самбхава]] (Големиот, Благороден гуру на Бардо Тодол и основачот на [[Ламаизам|ламаизмот]]), кои долго време биле скриени од јавноста, по прогонот на тибетските будисти од страна на [[Лангдарма]].<ref>''Tibetanska knjiga mrtvih – Posmrtna iskustva u Bardo Ravni'' (Sakupio i izdao V. J. Evans Venc). Beograd: Prosveta, 1988, стр. 14 и 29.</ref> Денес, „Бардо Тодол“ е во широка употреба на [[Тибет]], каде се чита како молитвеник.<ref>''Tibetanska knjiga mrtvih – Posmrtna iskustva u Bardo Ravni'' (Sakupio i izdao V. J. Evans Venc). Beograd: Prosveta, 1988, стр. 20.</ref> Автентичното и оригиналното јадро на „Бардо Тодол“ го сочинуваат „Коренитите стихови на шесте Бардо“ и „Патеките на добрите желби“, а подоцна, околу нив биле додавани коментари во вид на прозни текстови.<ref>''Tibetanska knjiga mrtvih – Posmrtna iskustva u Bardo Ravni'' (Sakupio i izdao V. J. Evans Venc). Beograd: Prosveta, 1988, стр. 22.</ref> На читателите од Западната хемисфера Бардо Тодол им станал достапен во 1927 година, кога книгата била објавена на [[англиски јазик]] од страна на д-р [[Волтер Еванс Венц|Волтер Јилинг Еванс Венц]], кој истовремено бил и преведувач, заедно со Лама Кази Дава Самдуп.<ref>''Tibetanska knjiga mrtvih – Posmrtna iskustva u Bardo Ravni'' (Sakupio i izdao V. J. Evans Venc). Beograd: Prosveta, 1988, стр. 11.</ref>
 
== Наводи ==