Троја: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
#1Lib1Ref
допис на податоци во веќе постоечкиот текст
Ред 1:
[[Податотека:ac.troy1.jpg|thumb|300px|Ѕидините на Троја.]]
'''Троја''' е долговремена населба откриена во девет слоеви близу северозападниот брег на [[Мала Азија]]. Од предисториското (3000 год. п.н.е.) до римското време ([[2 век|II]] век од н.е.), Троја господарела со влезот на [[Дарданели]]те.<ref>[[Robert Graves|Robert Grevs]], [[The greek myths|Grčki mitovi]], Nolit, Beograd, 1992, str. 529 - 534.</ref> Потпирајќи се на [[хомер]]овите спевови "[[Илијада]]" и "[[Одисеја]]", овој град го открил [[Хајнрих Шлиман]] во [[1868]] година, на брегот [[Хисарлик]], каде копал заедно со [[Дерпфелд]]. Пронајдени се богати [[Археологија|археолошки]] наоди, особено во Троја VI која се смета за град на кралот [[Пријам]], против кого Ахајците ја воделе прочуената [[Тројанска војна]]. Археолошкиот материјал се чува во музејот во [[Берлин]].
 
'''Troja''' град во Мала Азија, познат и како [[Илиом]], познат како поприште на прочуената [[Тројанска војна]], опеана во [[Илијада]] на [[Хомер]]
 
== Основање на Троја ==
Постојат неколку легенди за основање на Троја, од кои првата вел дека во време на гладта населението на [[Крета]] под водство на [[Скамандар]] тргнале да создадат колонија. Кога стигнале во [[Фригија]] поставиле шатори во близина на градот [[Хамаксит]] под планината што ја нарекле [[Ида]]. Според совет на [[Аполон]] останале на таа земја иако ноќта ги нападнале глувци и им го прегризле оружјето и сета опрема. Скамандар се ожени со нимфа Идаја, но набргу загина во битката со соседите, па него го наследи [[Таукар]], според друго предание народот го довел токму Таукар и нему  кога пристигнал во [[Фригија]], [[Дардан]] му ја дал својата ќерка за жена.
 
Атењани тврделе дека некој Таукар кој живеел во нивната општина Троја заминал во Фригија и дека тој таму го дочекал Дардан, синот на [[Зевс]] и [[Плејада Електра]], а не обрнуто. Дардан според таа легенда заминал од [[Аркадија]] поради смртта на брата си  [[Јасион]]. Тој предложил да се изгради тврдина над рамницата, што подоцна станала Троја.
 
Дардан од пророштвото доби ветување дека градот ѓто ќе го оснуе ќе биде неосвоив се додека миразот на неговата жена биде под заштита на [[Атена]]. Неговиот гроб се наоѓа во делот на Троја кој се нарекувал Дарданија се додека не се споил со Илиум и Троја во еден град. По него владеал неговиот син [[Идај]]. Идај имал браќа [[Ид]] и [[Ерихтониј]].
 
Еднаш кога Ид отишол во Фригија и се такмичел во игрите на кои победил, добил педесет младичи и педесет девојки како награда, но и дамчеста крава и совет да подигне град каде што таа крава прв пат легне да почине. Кога стигнале во ридовите на [[Ата]] таа легнала прв пат и тој го основал градот Илиум, но не кренал никаква тврдина поради пророштвото од татко му.
 
Кога градот бил обележан тој го замолил Зевс да му даде некаков знак, и утредента пред својот шатор пронашол дрвен паладиум, кој у го оставила Атена како спомен на својата мртва другарка од детство [[Палада]]. Тој кип прво стоел на Олимп, покрај престолот на Зевс, но поради неморалот и скрнавење на кипот од страна на Зевс, Атена кипот го фрлила на земја. Аполон го посоветува Ил да го сочува кипт кој паднал на земја и дека тој ќе го сочува градот. Поради тоа Ил кренал храм во кој го чувал кипот. Ил се оженил со [[Еуридика]] со која имал син [[Леомедон]] и ќерка [[Темиста]]. Леомедон имал пет синови (меѓу кои и Педарок, кој подоцна се нарекол [[Пријам]] и три ќерки. Тој решил да го изгради прочуениот тројански ѕид, за чија изградба му помогнале Аполон и [[Посејдон]].
 
== Троја пред војната ==
Пријам го добил тројанскиот престол со милоста на Херакле, сметал дека градот бил изграден на лошо место и дека поради тоа на него му се случи несреќата да ја разурне Херакле во своето лудување . Тој го испратил својот роднина во [[Делфи]] да побара совет од [[Питонката]], но тој од љубов кон свештеникот на Аполон заборавил зошто дошол, а Пријам чувствувајќи срам да повторно бара пророштво го крена градот на истите темели. Пријам успеал на градот да му врати сила, моќ и слава и да го крене гласот за своето богатство, слога и сила на далеку.
 
Пријам се женел два пати, со првата жена [[Аризба]] го имале синот Езак, но потоа се оженил со [[Хекаба]], ќерката на [[Димант]] и нимфата [[Еуноја]], таа на Пријам му родила деветнаесет од неговите педесет синови, останатите биле вонбрачни. Тој имал и дванаесет ќерки и сите тие живееле заедно во палата. Најстариот син на Хекаба бил [[Хектор]] (според едно од преданијата за неговото раѓање, иако ниту во тоа предание не се иззема можност неговиот татко да бил Зевс), потоа го родила [[]Парис], а меѓу останатите и близнаците [[Касандра]] и [[Хелен]] кои од светите змии добиле силни пророчански моќи.
 
Хекуба била предупредена за несреќата што ќе ја донесе нивниот син Парис, но таа не можела да го убие, туку го оставила на милост и немилост на природата. Парис бил спасен и очуван од овчарот, спасен да ја исполни судбината.
 
{{Никулец од областа на историјата}}
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Троја