Еретикот од Соана: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
→‎Содржина: дополнување
Ред 8:
Еден мартовски ден, Франческо отишол во бачилото и разговарал со братот и сестрата, за кои видел дека не знаат ништо за [[Католицизам|католичката вера]], туку дека верувале во [[Паганство|паганските]] идоли. Затоа, тој им закажал миса во капелата Санта Агата, сместена на врвот на истоимениот рид. На враќањето кон селото тој ја сретнал најстарата ќерка на Скаработа, убавата Агата и веднаш почувствувал необична привлечност кон неа. Воопшто, по враќањето во Соана, Франческо почувствувал голема промена кај него: од една страна, тој почнал да ја забележува големата убавина на [[природа]]та, исполнета со постојано раѓање и промени; од друга страна, во него се врежала сликата на убавата Агата и за првпат му се појавиле еротски мисли. Стравувајќи дека е обземен од [[Демон|демоните]], Франческо започнал интензивно да се моли и му се исповедал на еден стар свештеник во неговото родно село, Лигорнето. Таму, ја посетил родната куќа на неговиот стрико, познат скулптор, каде го направил својот прв грев, милувајќи ја скулптурата на три голи девојки.<ref>Gerhart Hauptman, ''Čuvar pruge Til – Jeretik iz Soane''. Beograd: Rad, 1960, стр. 52-78.</ref>
 
По тој настан, Франческо се исплашил уште повеќе и започнал да се сомнева во католичките догми. Наспроти тоа, во него започнала да се раѓа еден вид нов религиозен систем во кој биле измешани големата побожност со љубовта кон [[природа]]та, а сето тоа проткаено со паганска [[еротика]]. Така, Франческо станал несигурен, го изгубил мирниот [[сон]] и постојано мислел на Агата. На денот кога ја одржал својата служба во капелата [[Света Агата Сицилиска|Санта Агата]], Франческо доживеал голема преобразба, запаѓајќи во голема екстаза во која му се чинело дека станал поголем од [[ангели]]те, светците и [[Апостоли|апостолите]], а Агата ја замислил како олицетворение на младата [[Богородица]]. Нестрплив да ја види Агата, набргу тој закажал уште една миса на која девојката не се појавила. Тоа во него предизвикало големо разочарување, така што по службата тој не се вратил во селото, туку почнал да скита низ планината. <ref>Gerhart Hauptman, ''Čuvar pruge Til – Jeretik iz Soane''. Beograd: Rad, 1960, стр. 78-96.</ref>
Таму, Франческо ја сретнал Агата и ја повикал да дојде кај него во црквата. Кога таа се појавила во селото, сите жители ја навредувале и ја каменувале. Целиот возбуден од нејзиното присуство, Франческо конечно ја загубил присебноста и започнал да ја милува и бакнува. Ноќта, двајцата тајно го напуштиле селото и во едно скришно место во долината воделе љубов. Утредента, Франческо се вратил во црквата, но веќе му било јасно дека направил голем грев и дека повеќе не може да ја врши свештеничката работа.<ref>Gerhart Hauptman, ''Čuvar pruge Til – Jeretik iz Soane''. Beograd: Rad, 1960, стр. 96-123.</ref>
 
На тоа место, Лудовико го прекинува раскажувањето, наспроти упорните барања од слушателот да му соопшти што се случило понатаму со Франческо и Агата. Лудовико само му кажува дека пред шест години селаните го избркале Франческо од селото, дека семејството Скаработа морало да се исели, а Франческо и Агата продолжиле да живеат слободно во планината. Напуштајќи ја колибата на Лудовико, посетителот среќава една убава жена која со себе ја води ќеркичката.<ref>Gerhart Hauptman, ''Čuvar pruge Til – Jeretik iz Soane''. Beograd: Rad, 1960, стр. 123-126.</ref>
 
==Осврт кон делото==