Јордан Поп Јорданов (академик): Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување |
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување |
||
Ред 23:
==Работна и научна кариера==
Бил претседател на Научниот совет на Институтот за нуклеарни науки во Винча (1969-1970) во време кога тој институт бил најафимриан научен центар во југоисточна Европа, како и декан на Електротехничкиот факултет во [[Белград]] (1977-1979).
Во два мандата бил претседател на МАНУ (1984-1991). Од 1993 раководел со Истражувачкиот центар за енергетика, информатика и материјали при [[МАНУ]], кој се развил во меѓународно афирмиран „центар на одличност“.
Член е на 5 странски академии и тоа: од 1981 година е член на Њујоршката академија на науките, од 1988 е член на Меѓународната академија на науките, од 1992 е член на Европската академија на науките и уметностите во Салцбург, од 1998 година е член на Медитеранската академија од Неапол, a од 2005 година е член на Светската академија за уметност и наука, како и на Светската иновациона фондација.
Реализирал голем број проекти, од кои преку 20 имале меѓународен карактер.
На редовни и постдипломски студии на ЕТФ во Белград држел настава по атомска и статистичка физика, енергетска микрофизика и квантна електродинамика. На истиот факултет основал и постдипломска насока за сончева енергија, прва во Југославија од оваа проблематика. Предавал и на постдипломски студии на ПМФ и Филозофскиот факултет и во центарот за мултидисциплинарни студии на Белградскиот универзитет, како и на ЕТФ во [[Скопје]].
Автор е на универзитетските учебници „''Нерамнотежна статистичка физика''“ (1981) и „''Квантна електродинамика''“ (1983) како и на неколку книги во земјата и странство.
Објавил околу 300 научни трудови од кои две третини во меѓународни списанија и монографии. Неговите резултати се користени во многу странски статии, монографии и докторски дисертации.
Учествувал на меѓународни научни собири во дваесетина земји на Европа, Америка и Азија, најчесто како поканет експерт.
Бил рецензент на меѓународни научни списанија и референт за избор на професори на универзитети во Европа и Америка.
Автор е на над 200 публикации во полето на неутронската и реакторската физика, електричното инженерство, мозочниот електрицитет и филозофијата на науката.
Покрај македонската, членува уште во пет странски академии на науки.
Меѓу другото, во светот е познат по својата '''„''Поп-Јорданова метода''“''' од областа на реакторската физика, објавена во престижното издание на Обединетите нации пред половина век<ref>{{цитирана мрежна страница|url=http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=22211935544&id=16&prilog=0&setIzdanie=22213|title=Академикот Поп-Јорданов награден за придонес во светската наука|accessdate=2012-08-25}}</ref>.
==Награди и признанија==
|