Вошка: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
Вошките се паразити кои наликуваат на инсекти без крила, живеат на косматиот дел на телото. Вошливоста е честа во школите, во центрите со дневен престој и други простори, кои се пренатрупани и каде децата се во близок меѓусебен контакт. Доколку вашето дете било во контакт со друго дете кое има вошки, прочитајте ја внимателно оваа информација
 
==Како се пренесуваат и како да се препознаат?==
Вошките не можат нити да скокаат нити да летаат. Се пренесуваат со директен контакт или индиректно со заедничка употреба на шешири, капи и четки. Женките ги депонираат јајцата во косата и тоа во близина на коренот (близина на скалпот) каде е најтопло. Јајцата наликуваат на беличасто-сивкасти зрнца кои се фиксирани за коренот на влакната и не може да се исчеткаат како перут. Најчесто се сместуваат во тилниот дел или зад ушите и може да се видат со голо око. Возрасните вошки се потемно обоени и се гледаат како се движат низ косата. Кај тешки инфестации присутен е интензивен јадеж на скалпот .
 
Ред 10:
Инфективен период/исклучување од дневниот престој на инфицираните деца треба да е до следното утро, по третманот.
 
==Погрешни верувања и предрасуди за вошките==
Децата со вошки често се стигматизираат, но ова е погрешно бидејќи практично секој може да добие вошки. Вошките преферираат чиста и здрава коса и скалп. Добрата лична хигиена не може да го заштити вашето дете од вошки. Не е пријатно некој да добие вошки, но секако не е фатално. Единствениот начин на кој вошките вистински може да ве повредат, е ако заради чешањето секундарно се инфицираат раните.
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Вошка