Петар Гошев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 35:
Од [[1984]] до [[1988]] е член на Претседателството на ЦК на [[Сојуз на комунистите на Македонија|Сојузот на комунистите на Македонија]]. Во [[1989]] бил избран за [[Сојуз на комунистите на Македонија|претседател на СКМ]] и на таа функција останал до [[1991]] година. Бил и шеф на делегацијата на Собранието на СРМ во Собранието на [[СФРЈ]].
 
На [[Македонски парламентарни избори (1990)|Парламентарните избори]] во [[1990]] година, Гошев бил избран за пратеник во [[Собрание на Република Македонија|Собранието на Република Македонија]] од редовите на [[Сојуз на комунистите на Македонија|СКМ-ПДП]]. Поради несогласувања со новото раководство на [[СДСМ]], Гошев во [[1993]] се отцепил од партијата и ја формирал [[Демократска партија (Македонија)|Демократската партија]]. При тоа бил избран за нејзин претседател. Од [[1997]], со обединувањето на Демократската и Либералната партија, станал претседател на [[Либерално демократска партија|Либерално демократската партија]]. На [[Македонски парламентарни избори (1998)|Парламентарните избори]] во [[1998]] година бил повторно избиран за пратеник<ref>[http://www.sobranie.mk/socijal-demokratski-sojuz-na-makedonija-08b6e0aa-fe3c-41eb-89cf-82bd0778937e-ns_article-petar-goshev.nspx Собрание на Република Македонија]</ref>. Претседател на ЛДП бил до [[1999]] година, кога поради неуспехот на партијата на [[Македонски парламентарни избори (1998)|Парламентарните избори во 1998 година]], поднесол оставка.
 
По [[Македонски парламентарни избори (2002)|Парламентарните избори]] во [[2002]] година, во периодот од [[1 ноември]] [[2002]] до [[7 ноември]] [[2003]] година бил [[Министер за финансии на Македонија|Министер за финансии]] на [[Република Македонија]]. На функцијата Гувернер на [[Народна банка на Македонија|Народната банка на Македонија]] бил избран во [[2004]] година и на таа функција се задржал до 2011 година.