Ги де Мопасан: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Ред 27:
Мопасан од раѓање бил повлечен, ја сакал самотијата и медитацијата. Често патувал во [[Алжир]], [[Италија]], [[Англија]], [[Велика Британија|Британија]], [[Сицилија]], [[Оверњ]], и од секое патување се враќал со нова книга. Крстарел на својата јахта „Бел-Ами“, наречена по неговиот роман. Ваквиот бурен живот не го спречувал да се спријатели со најславните книжевници на тоа време. [[Александар Дима Синот]] му бил како втор татко, а во [[Екс ле Бен]] (''Aix-les-Bains'') се дружел со [[Иполит Тен]] (''Hippolyte Taine'') од кого бил воодушевен.
 
Во подоцнежните години, кај Мопасан се развила болна желба за самотија и самоодржување, со постојан страв од [[смрт]]та, како и [[манија]] на прогонување, заедно со симптоми на [[сифилис]] заработен во младоста. Во 1891 година потполно го загубил [[разум]]от, а умирел две години подоцна, во јули 1893 година, еден месец пред својот 43. роденден. Ги де Мопасан е погребан на гробиштата [[Монпарнас]] во Париз.
 
Иако е општопознато дека Мопасан бил нервно болен, не е целосно познат карактерот на неговата болест. Во тој поглед, уште во периодот меѓу двете светски војни се развила богата дебата и биле напишани голем број студии на таа тема. Притоа бил објавен богат материјал: од сеќавањата на неговите соработници и пријатели (на пример, неговиот собар Франсоа) сè до болничките записи во болницата на д-р Бланш каде Мопасан ги поминал последните 16 месеци од животот и каде што починал. Како резултат на тие обемни истражувања, познато е дека уште на возраст од 26 години Мопасан се заразил од сифилис при што како прва последица се појавила [[неврастенија]], а потоа и заболување на [[очи]]те; дека уште од првите години на својата писателска кариера се плашел од лудилото и од смртта, а паралелно со книжевната слава кај него се развила [[манија]] на следење поради што постојнао се криел од јавноста; дека страдал од халуцинации (за што најдобро сведочи новелата „Тој?“), а во текот на 1884 и 1885 година се појавиле и други параноидни симптоми. На крајот, Мопасан умрел од прогресивна [[парализа]] од која умрел и неговиот брат ''Hervé'' (иако семејството лажело дека умрел од сончаница). Исто така, Мопасан бил психопат, иако се одликувал со добра волја и навидум весел карактер. Понатаму, тој бил голем [[Хипохондрија|хипохондрик]], вечно загрижен за здравјето, недоверлив, повлечен и плашлив, но и арогантен, така што во последните години страдал од мегаломанија. Најпосле, бидејќи страдал од [[мигрена]] и постојани [[Артритис|артритични]] болки, Мопасан често употребувал разни [[Дрога|дроги]], како: [[етер]], [[морфиум]], [[кокаин]] и [[хашиш]]. Со еден збор, тој бил шизоид, а таква била и мајка му, така што се мисли дека неговата болест има наследна природа. Многумина книжевни критичари и историчари сметаат дека неговите фантастични раскази се непосредна последица на постепеното влошување на неговата психичка болест. Борејќи се со болеста, како сведок на своето постепено изумирање, Мопасан двапати се обидел да изврши [[самоубиство]], посакувајќи ја својата брза смрт. Така, во 1891 година, простувајќи се од едне пријател, Мопасан изјавил: „Збогум, а не до гледање, збогум! Мојата одлука е донесена...“<ref>Ivo Hergešić, „Maupassant i pozadina jedne njegove novele“, во: Guy de Maupassant, ''Yvette''. Split: Logos, 1984, стр. 89-93.</ref>
 
==Творештво==
ВоМопасан за првпат го привлекува вниманието на книжевната публика и критика во 1880 година, Мопасанкога го објавил своето прво ремек-дело, новелата „[[Топка маст]]“ (''Boule de suif''), коекоја била објавена како дел од зборникот „Вечери во Медан“ и која била многу далеку од останатите автори застапени во него.<ref>Ivo Hergešić, „Maupassant i pozadina jedne njegove novele“, во: Guy de Maupassant, ''Yvette''. Split: Logos, 1984, стр. 89.</ref> Таа веднаш постигналопостигнала голем успех, а Флобер гоја опишал како „ремек-дело за сите времиња“. Најплодниот период на Мопасан бил од 1880 до 1891 година. Станувајќи славен со својот прв расказ, тој вредно пишувал и творел две, а понекогаш и четири дела годишно. Среќниот спој на книжевниот талент и смислата за бизнис му донеле големо богатство. Во 1881 година ја објавил првата книга раскази под наслов „[[Домот на Телјови]]“ (''La maison Tellier''), која во само две години достигнала 12 изданија. Во 1883 година го завршил својот прв [[роман]] „[[Живот (роман на Мопасан)|Живот]]“ (''Une vie''), кој за помалку од година дена се продал во 25.000 примероци. Во своите романи, Мопасан подетаљно ги разработува заплетите од своите раскази. Неговиот втор роман, „[[Бел-Ами]]“ (''Bel-Ami''), издаден во 1885 година, достигнал 37 изданија за само четири месеци. Неговиот тогашен издавач добро го плаќал секое негово ново ремек-дело, а перото на Мопасан без најмал напор творело стилски дотерани, оригинални и длабокоумни дела. Во тој период го напишал и романот „[[Пјер и Жан]]“ (''Pierre et Jean'') кој многумина го сметаат за негов најдобар роман.
 
[[File:Belami22.JPG|thumb|лево|Бел-Ами]]
[[File:Maupassant Tomb.jpg|thumb|Гробот на Мопасан на [[Монпарнас]]]]
Во 1887 година се појавил романот „[[Мон-Ориол]]“ (''Mont-Oriol''), кој денес се смета за најслабиот роман на Мопасан, иако по повод неговото излегување од печат, издавачот на Мопасановите дела ''Havard'' му напишал писмо на авторот полно со комплименти, наведувајќи дека во него насетува една нова нота.<ref>Ivo Hergešić, „Maupassant i pozadina jedne njegove novele“, во: Guy de Maupassant, ''Yvette''. Split: Logos, 1984, стр. 88.</ref>
Во своите романи, Мопасан подетаљно ги разработува заплетите од своите раскази. Неговиот втор роман, „[[Бел-Ами]]“ (''Bel-Ami''), издаден во 1885 година, достигнал 37 изданија за само четири месеци. Неговиот тогашен издавач добро го плаќал секое негово ново ремек-дело, а перото на Мопасан без најмал напор творело стилски дотерани, оригинални и длабокоумни дела. Во тој период го напишал и романот „[[Пјер и Жан]]“ (''Pierre et Jean'') кој многумина го сметаат за негов најдобар роман.
 
==Критички осврт кон творештвото на Мопасан==
Набљудувано временски, творештвото на Мопасан е многу кратко и опфаќа само десет години: од 1880 година, кога ја објавил новелата „Топка маст“ до 1890 година, кога ја објавил последната збирка раскази. Краткиот временски период не дозволувал долготрајна еволуција во неговото творештво, кое поради тоа има единствено обележје. Интересно е да се спомене дека самиот Мопасан ја предвидел својата краткотрајна книжевна кариера, со зборовите: „Влегувам во книжевниот живот како [[метеор]]; од него ќе излезам како [[молња]].“ (''Je suis entré dans la vie litéraire comme un météore; j'en sortirai en coup de foundre'').
<br />
Традиционално, во француските учебници, почнувајќи од Лансон, Мопасан најчесто се опишува како безличен и имперсонален, која како фотографска плоча, прецизно ги прима сите впечатоци од надворешниот свет. Спек, поновите критичари и историчари на книжевноста сметаат дека тој е многу субјективен писател, а некои дури тврдат дека неговото книжевно дело не може да се објасни без детаљно познавање на неговиот живот и болеста. Во своите книги, Мопасан не измислува ништо, но одлично забележува и лесно се изразува. Неговите дела може да се групираат во неколку циклуси, во зависност од периодите од неговиот живот. Така, најбројни се т.н. „нормандиски“ раскази во кои пишува на теми поврзани со селаните, рибарите и ловците од своето детство; потоа, како учесник во војната од 1870-1871 година, тој напишал многу воени раскази; како резултат на неговата работа како државен службеник настанале бројни раскази во кои го опишува животот на бирократите; а некои дела, како на пример новелата „[[Ивет (Мопасан)|Ивет]]“, се одраз на неговиот влез во монденските кругови.<ref>Ivo Hergešić, „Maupassant i pozadina jedne njegove novele“, во: Guy de Maupassant, ''Yvette''. Split: Logos, 1984, стр. 88-89.</ref>
 
== Најважни дела ==