Пјер Корнеј: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Биографија: дополнување
Ред 68:
По неуспехот на драмата „Пертарит“, разочараниот Корнеј се откажал од театарот, го напуштил Париз и се повлекол во Руан, каде останал шест години. Сепак, тој не се откажал од пишувањето: во стихови го превел делото „Имитација на Исус Христос“ (''Imitation de Jésus-Christ'') од [[Тома Кемписки]] на кое работел од 1651 до 1656 година, подготвил тритомно издание на сите свои изведени дела и ги напишал своите „[[Испитувања (Корнеј)|Испитувања]]“ (''Examens''), објавени во 1660 година. Во нив, Корнеј се осврнал на секоја своја пиеса посебно, почнувајќи од „Мелита“ до „Златното руно“, давајќи одговор на критиките на својот голем непријател, опатот д' Обињак. Во нив, Корнеј се обидува да ја објасни примената на Аристотеловата поетика во своите драми, а покрај тоа, тој дава историјат на пиесите, ги објаснува мотивите за нивното пишување, ги објаснува од формален и содржаен карактер итн. Притоа, во „Испитувањата“ Корнеј дава и самокритика во однос на слободата која си ја допуштил во сликањето на настаните и ликовите од историјата и ги опишува недостатоците и слабите страни на неговите драми. Подоцна, во 1660 година, Корнеј го објавил делото „[[Три расправи за драмската поетика]]“ (''Trois discours sur le poème dramatique''), кое претставува одговор на делото на д' Обињак, „Практиката на Театарот“ (''La Pratique du Théâtre'') од 1657 година. Станува збор за три расправи во однос на поетиката на театарот, по една за секој том од неговите „Испитувања“, во кои Корнеј пишува за одделни теми, како: за ползата и деловите од драмската поема; за трагедијата, за средствата со кои се составува според веродостојното и неопходното; за трите единства на дејството, времето и просторот. Притоа, ова дело во голема мера претставува одбрана на „Сид“ од нападите на Академијата.<ref>Ѓорѓи Шоптрајанов, „Пјер Корнеј“, во: Пјер Корнеј, ''Сид''. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 32-33.</ref>
<br />
По наговор на Фуке, министерот за финансии, Корнеј се нафатил да напише драма за кралот [[Едип]], што резултирало во трагедијата „[[Едип (драма на Пјер Корнеј)|Едип]]“ (''Oedipe'') од 1659 година. Драмата постигнала огромен успех и се задржала на репертоарот дури до 1718 година, кога се појавила [[Едип (драма на Волтер)|истоимената]] пиеса на [[Волтер]]. Потоа, Корнеј создал уште неколку дела, како: „[[Серториј (Корнеј)|Серториј]]“ (''Sertorius'') од 1662 година, „[[Софонизба]]“ (''Sophonisbe'') од 1663 година, „Отон“ (''Othon'') од 1664 година, „[[Агезилај]]“ (''Agésilas'') од 1666 година, „[[Атила (драма на Пјер Корнеј)|Атила]]“ (''Attila'') од 1667 година, „[[Тит и Береника (драма на Пјер Корнеј)|Тит и Береника]]“ (''Tite et Bérénice'') од 1670 година, „[[Пулхерија]]“ (''Pulchérie'') од 1672 година и неговата последна драма „[[Сурена]]“ (''Suréna'') од 1674 година. ОвиеСепак, овие драми не го поседувале квалитетот од претходните дела на Корнеј, а во овој период неговата слава веќе била засенета од појавата на [[Жан Расин]] чии драми постигнале голем успех кај публиката. Така, Корнеј направил еден непромислен потег кога, по препорака на своите пријатели, ја напишал трагикомедијата „Тит и Береника“ со цел да се спротивстави на драмата „[[Береника (драма на Жан Расин)|Береника]]“ на Расин. Меѓутоа, обидот да му се спротивстави на подемот на Расин пропаднал, а неговата последна драма „Сурена“ доживеала целосен неуспех, по што тојКорнеј дефинитивно се откажал од театарот, а потоа напишал уште само неколку песни.<ref>Ѓорѓи Шоптрајанов, „Пјер Корнеј“, во: Пјер Корнеј, ''Сид''. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 34-35.</ref>
 
==Значењето на Корнеј==