Пјер Корнеј: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 66:
 
==Значењето на Корнеј==
Пјер Корнеј зазема централно место во [[Француски класицизам|францускиот класицизам]] од 17 век. Неговата големина е дотолку понеспорна, што тој не им должи ништо на своите претходници. Свесен за своите квалитети, а испровоциран од прогонувањата по повод драмата „Сид“, во една прилика тој извикал: „Само на самиот себе си должам за својата слава.“<ref>Ѓорѓи Шоптрајанов, „Пјер Корнеј“, во: Пјер Корнеј, ''Сид''. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 8.</ref> Корнеј направил бројни иновации во класичната драма. Спротивно на драматурзите пред него, тој го поставил принципот според кој внатрешната драма е повозбудлива од надворешната, а внатрешните духовни конфликти се поефектни од надворешните. На тој налин, Корнеј го пренесол интересот од надворешното кон внатрешното и успеал да создаде психолошка драма која ќе биде основа на класичната драматургија и суверено ќе владее на европската театарска сцена над 150 години. Концентрацијата на дејството не го спречила Корнеј да даде суптилна анализа на човечките чувства и нагони. За разлика од неговите претходници, тој нераскинливо ги поврзал барањата за концентрација на дејството со душевната драма на ликовите. Оттука, заслугата на Корнеј лежи во тоа што драмскиот тек го поврзал со ликовите, односно создал единство меѓу формата и содржината, што е еден од основните елементи на класицизмот. Корнеј создал нова драмска техника, но и нова тематика шри што неговите ликови не се нереални и неземски, туку тие се дел од реалниот живот, а нивната дејност не е придвижена од судбината и божјата сила, како што било случај со античкиот и средновековниот театар, а делумно и со [[Ренесанса|ренесансниот]]. Корнејовите ликови се еманципирани, слободни херои, кои судбината ја држат во своите раце, а нивната дисциплинираан и цврста волја ги победува сите внатрешни и надворешни пречки. Воопшто, хероизмот е главен белег на неговите трагедии, со што Корнеј ги надминал другите драмски писатели и ја дополнил [[Аристотел]]овата поетика. Притоа, во делата на Корнеј често се работи за војни, заговори и востанија во кои централното место го имаат автентични историски ликови, со што неговите трагедии станале еден вид политички трагедии во кои тој ги прикажал основните естетски и идејни струења од неговото време.<ref>Ѓорѓи Шоптрајанов, „Пјер Корнеј“, во: Пјер Корнеј, ''Сид''. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 35-38.</ref>
Пјер Корнеј зазема централно место во францускиот класицизам од 17 век. Неговата големина е дотолку понеспорна, што тој не им должи ништо на своите претходници. Свесен за своите квалитети, а испровоциран од прогонувањата по повод драмата „Сид“, во една прилика тој извикал: „Само на самиот себе си должам за својата слава.“<ref>Ѓорѓи Шоптрајанов, „Пјер Корнеј“, во: Пјер Корнеј, ''Сид''. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 8.</ref>
 
== Наводи ==