Разлика помеѓу преработките на „Алберт Ајнштајн“

Додадени 443 бајти ,  пред 3 години
с
нема опис на уредувањето
(→‎Занимливости: дополнување)
с
Ајнштајн себеси се сметал за [[пацифизам|пацифист]] и [[хуманизам|хуманист]], а кон крајот на животот и за [[демократски социјализам|демократски социјалист]]. Особено изразен бил неговиот пацифизам, при што Ајнштајн посебно ги почитувал погледите на [[Махатма Ганди]].
 
Познато е неговото залагање за одбрана на [[човекови права|човековите права]], кое особено дошло до израз за време на [[макартизам|макартизмот]] во [[САД]]. Кога истакнатиот црнечки лидер [[В. Е. Б. Дибуа]] бил обвинет дека е [[Комунисти|комунистички]] шпион, Ајнштајн сам се пријавил за сведочи во негова корист. Во таа прилика, Ајнштајн изјавил: „Расизмот е најголема болест на Америка.“ По објавата на Ајнштајн дека ќе сведочи во одбрана на Дибуа, обвинението против него било повлечено.
 
Најконтроверзен е ставот на Ајнштајн кон [[атомска бомба|атомската бомба]]. Непосредно пред почетокот на [[Втора светска војна|Втората Светска Војна]], на [[2 август]] [[1939]] година Ајнштајн му напишал писмо на американскиот претседател [[Френклин Рузвелт]], поттикнувајќи го да започне истражувања за пронаоѓање на [[нуклеарно оружје]]. Сепак, подоцна Ајнштајн се спротивставил на употребата на нуклеарното оружје и не учествувал во [[Проект Менхетен|проектот за создавање на атомска бомба]]. По војната, Ајнштајн се промовирал како еден од најголемите критичари на нуклеарното оружје.
 
Ајнштајн бил и приврзаник на [[ционизам|ционизмот]]. Во [[1952]] годинна, новосоздадената [[Израел|Држава Израел]] му понудила да стане втор претседател на земјата, но Ајнштајн ја одбил понудата, тврдејќи дека не поседува доволно способности за справување со луѓе.
 
==Занимливости==
По [[смрт]]та на АјншатјнАјнштајн, за време на аутопсијата му биле извадени [[мозок]]от и очите[[очи]]те, при што во [[1955]] година [[очи]]теочите му биле предадени на неговиот личен [[Офталмологија|офталмолог]] Хенри Абрамс, кој ги чувал до [[2009]] година. Потоа, тие се чувале во сеф во [[Њујорк]].<ref>„Окото на Ајнштајн и средниот прст на Галилеј се чуваат како музејски експонати“, ''Дневник'', година XIX, број 5874, петок, 25 септември 2015, стр. 22-23.</ref>
 
==Ајнштајн како тема во уметноста и во популарната култура==
* „Ајнштајн на плажа“ (''Einstein on the beach'') - албум на американскиот [[композитор]] [[Филип Глас]] (''Philip Glass'') од 1979 година.<ref>[https://www.youtube.com/watch?v=MIDuZq7RVAM&list=PLTUlTwlsdlFQhHsAoG7sCxumrigHW-qJk YouTube, Philip Glass - Einstein On The Beach - 01 Knee Play 1 (1981) (пристапено на 13.5.2017)]</ref>
* „Ајнштајновиот ден“ (''Einstein's Day'') - песна на американската [[Рок-музика|рок]]-група „[[Мишн оф Бурма (рок-група)|Мишн оф Бурма]]“ (''Mission of Burma'') од 1982 година.<ref>[https://www.youtube.com/watch?v=B5koIpGjPzU YouTube, Mission Of Burma - VS. - Full Album (пристапено на 13.5.2017)]</ref>
 
== Наводи ==
{{reflist|2}}
 
== Надворешни врски ==
* [[wikilivres:Albert Einstein|Дела на Алберт Ајнштајн]] (во јавен домен во Канада)
 
== Наводи ==
{{reflist|2}}
 
{{Релативност}}
{{Нобелова награда за физика}}
 
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Ајнштајн, Алберт}}