Пјер Корнеј: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Творештво: дополнување
дополнување
Ред 42:
<br />
По успехот на „Мелита“, во 1631 година, Корнеј ја напишал [[трагикомедија]]та „[[Клитандар]]“ (''Clitandre''), која се одликува со патетичен стил, со компликуван заплет и со развлечена содржина. Таа доживеала голем успех кај публиката, но не донесла ништо ново, поради што подоцна била критикувана од самиот Корнеј. Исто така, успехот на „Мелита“ го охрабрила Корнеј да напише уште неколку комедии: „[[Вдовица (драма од Пјер Корнеј)|Вдовица]]“ (''La veuve'') и „[[Галерија во судската палата]]“ (''La Galerie du palais'') од 1633 година, „[[Придружничка (драма од Пјер Корнеј)|Придружничка]]“ (''La suivante'') и „[[Кралскиот плоштад]]“ (''La place royale'') од 1634 година, како и „[[Комична илузија]]“ (''L'illusion comique'') од 1636 година. Сите тие се во духот на тогашниот стил, но содржат и некои нови елементи: невкусните шеги се исфрлени, декорот е париски, дијалозите се секојдневни и природни, амбиентот и дејството се актуелни, стилот е грациозен, јазикот е чист и воедначен, а стиховите се беспрекорни и сугестивни. Исто така, во овие драми се јавуваат и некои од основните обележја на подоцнежниот [[Класицизам|класицизам]]: стегнатост, стилска изедначеност и јасност, [[морал]]на анализа, силна личност што се одликува со хероизам итн. Иако постигнал голем успех со комедиите, Корнеј не нашол задоволство во овој жанр и постепено се префрлил на [[трагедија]]та.<ref>Ѓорѓи Шоптрајанов, „Пјер Корнеј“, во: Пјер Корнеј, ''Сид''. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 11-12.</ref>
Во 1633 година, веќе како славен писател, Корнеј бил претставен пред кардиналот [[Ришелје]] (''Richelieu''), кој составил план за нов вид на драма која ќе ја нагласува доблеста. За таа цел, Ришелје избрал петмина писатели, кои требало да ја остварат неговата визија, така што ќе пишиуваат драми во согласност со неговите насоки. Во групата на таканаречените „Пет поети“ (''Les Cinq Auteurs'') се наоѓал и Корнеј, заедно со [[Гијом Колте]] (''Guillaume Colletet''), [[Буаробер]] (''Boisrobert''), [[Жан Ротру]] (''Jean Rotrou''), и [[Клод де Летуал]] (''Claude de Lestoile''). На тој начин биле составени три пиеси кои биле прикажувани со раскошен декор, а Корнеј учествувал само во првата од нив - „Тилериската комедија“ (''La Comédie des Tuileries'') од 1634 година. Според [[Волтер]], Корнеј имал задача да го состави третото дејствие, но тој се осмелил да ја измени скицата на Ришелје, кој поради тоа се налутил и Корнеј ја напуштил петорката и се вратил во Руан.<ref>Ѓорѓи Шоптрајанов, „Пјер Корнеј“, во: Пјер Корнеј, ''Сид''. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 12.</ref>
 
</ref>
=== Les Cinq Auteurs ===
Во тоа време, Корнеј работел на својата прва [[трагедија]] „[[Медеја (драма на Пјер Корнеј)|Медеја]]“ (''Médée''), која била прикажана во 1635 година. Во неа биле впечатливи новите квалитети кои подоцна станале препознатлив знак на Корнеј, така што драмата била прифатена со воодушевување од критиката и од публиката. Корнеј бил задоволен од успехот, но не и занесен, туку продолжил неуморно да работи. Во тоа време, тој се заинтересирал за [[Шпанска книжевност|шпанската книжевност]] и за шпанските теми, а се смета дека за тоа бил заслужен поранешниот секретар на [[крал]]ицата [[Марија де Медичи]], де Шалон, кој по своето повлекување од службата живеел во Руан и таму го запознал Корнеј. Како последица на новиот интерес, Корнеј ја напишал комедијата „Комична илузија“ (1636) која обработува шпанска тема, иако таа била претставена претерано и карикатурално. Неколку месеци подоцна, кон крајот на 1636 година, Корнеј ја создал трагикомедијата „[[Сид]]“, која исто така се занимава со шпанска тематика.<ref>Ѓорѓи Шоптрајанов, „Пјер Корнеј“, во: Пјер Корнеј, ''Сид''. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 12-13.</ref>
1634 година му носи и поголемо внимание од јавноста. Одбран е да напише неколку стихови по повод посетата на Руен од страна на Кардиналот Ришелју (Cardinal Richelieu). Кардиналот го забележува Корнеј и го избира да биде меѓу Les Cinq Auteurs („Петте поети“, се преведува и со „Друштвото на петте автори“). Останатите автори се: Гијом Колет (Guillaume Colletet), Буасробер (Boisrobert), Жан Ротру (Jean Rotrou), и Клод де Лестуал (Claude de Lestoile).
</ref>
 
Овие петмина биле одбрани за да ја реализираат визијата на Ришелју за нов вид на драма која ќе ја нагласува доблеста. Ришелју им ги презентирал своите идеи, кои писателите ги изразувале во драмска форма. Меѓутоа, барањата на Кардиналот биле премногу ограничувачки за Корнеј, кој се обидувал да твори надвор од границите дефинирани од Ришелју. Ова ќе доведе до караница помеѓу драмскиот писател и неговиот вработувач. Откако му завршил првичниот договор, Корнеј ги напушта Les Cinq Auteurs и се враќа во Руен.
 
=== Расправата за Сид ===