Сашко Соколов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 34:
Сашко Соколов е роден на 25 февруари 1974 година во скопската населба [[Козле]]. Фамилијата на Сашо потекнува од село [[Покрајчево]] во [[Радовишко]]. Со љубов се определи и стапи во безбедносните сили на [[МВР|министерството за внатрешни работи]]. Завршува полициско училиште во [[Идризово]]. Имаше скоро единаесец години стаж, од што најмногу како специјалец. Кога започна [[Воен конфликт во Македонија, 2001|војната во Македонија 2001 година]], веднаш беше изспратен на терен. Најпрво во [[Куманово]], а потоа секаде каде што беше најлошо и најопасно. Еден месец, токму кога беа [[Битка во Арачиново|борбите во Арачиново]], покрај Саше, и помалиот брат беше во војската, како резервен резервист. Но, бидејќи двајца браќа не можат заедно да бидат на фронтот, помалиот син подоцна не го повикуваа во резервниот состав. Саше му забрануваше на брат му да се пријави одново како доброволец.
 
Често и збореше на мајката дека македонските безбедносни сили ќе победат, дека, како што кажал, ''ќе ги истераме терористите да се вратат на [[Косово]] и [[Албанија]]''.<ref>„Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 192 – 195.</ref> Колегите на Сашо го опишуваат како врвен специјалец. Ги имаше поминато сите обуки за врвен професионалец и еден од најдобрите снајперисти во единицата. Бил исто така многу храбар и цврст човек. Тој и во најтешките денови бил насмеан, па дури и кога бил ранет од шрапнели во [[Битка во Арачиново|битката за Арачиново]]. Саше веќе имаше решение повторно да се врати во „[[Единица за специјални задачи „Тигар“|Тигрите]]“ и многу се радуваше што ќе биде со своите пријатели и колеги во единицата за специјални задачи. Чекаше само да му дојде смена во [[Тетово]] и од следниот ден веќе да биде со „Тигрите“. Последниот ден кога беше дома, една недела пред да биде убиен, мајка му Лилјана му велеше да чека да биде префрлен во „[[Единица за специјални задачи „Тигар“|Тигрите]]“. Саше и одговорил дека сега не е врем за да се седи дома, треба да се брани Македонија, при што се разделија малце налутени.
 
=== Смрт ===