Франсоа Вијон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
 
== Биографија ==
===Рани години===
 
Франсоа Вијон бил речиси непознат во времето во кое живеел и бил пронајден во [[16 век]], кога неговите дела се објавени од [[Клеман Маро]].
Ред 7 ⟶ 8:
Франсоа Вијон бил роден во [[1431]] година во [[Париз]]. Потекнувал од сиромашно семејство, но со поддршката и грижата на Гијом де Вијон, од кого го добил и своето презиме, завршил [[Сорбона]] и ја добил титулата „магистар на уметноста“.
 
===Осуденик===
Вечерта на [[5 јуни]] [[1455]] година бил нападнат со нож од свештеникот Филип Сермоас. Во тепачката која била поради некоја жена, Вијон смртно го ранил својот противник и бил принуден да го напушти [[Париз]]. Ова убиство не одиграло никаква улога во понатамошната негова судбина. Самиот Сермоас пред смртта, му простил на својот убиец, признавајќи се себе за напаѓач. Кралскиот суд, до кого Вијон поднел две жалби, го прогласил за невин. Сепак во текот на седумте месеци кога тој скитал далеку од Париз, време додека Вијон ја чекал судската пресуда, тој останал без пари и се поврзал со професионални криминалци. Кон октомври 1455 година бил осомничен за две кражби. Вијон се вратил во [[Париз]] во почетокот на [[1456]] година. Во ноќта на [[Божик]] истата година, тој заедно со тројца соучесници извршил кражба на Наварскиот колеџ, каде се здобил со 500 златници, сума која крадците меѓуисебно си ја поделиле. Вијон по овој настан го напуштил Париз.
 
Во ноќта на грабежот, од негова страна било напишано неговото прво дело „Les legs“, потоа наречено "Le petit testament". Кражбата била откриена по неколку месеци, каде во исрагата биле откриени и имињата на учесниците. Така, за да не биде затворен Вијон не можел да се врати во Париз. За последните пет години тој се криел по целата земја од Ла Манш до Медитеранот.
 
===Кај Шарл Орлеански===
 
Франсоа Вијон се нашол во дворот на Шарл Орлеански во [[Блоа]]. За конкурсот за балади на тема „Од жед умирам над изворот“, нарачана од војводата [[Шарл Орлеански]] на поетите од неговото опкружување, Вијон напишал стихови, познати под називот „Балада на конкурсот во Блоа“. Според условите на конкурсот, поетите требало да напишат забавна песна, но песната на Вијон се покажала полна со филозофски трагедија.