Песна за Роланд: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 23:
'''Песна за Роланд ''' ([[француски]]: ''La Chanson de Roland'') — старофранцуски еп напишан во [[11 век]], можеби од Тиролд, чие име се споменува во текстот. Постојат девет ракописи на делото, како англо-нормански кој се чува во Бодлијанската библиотека во Оксфордскиот универзитет и се состои од 4004 стихови, и истиот се смета за најстар (1140-1170). Песна за Роланд е првото значајно дело во француската литература, како и првиот и најзначаен претставник на жанрот [[Шансон де жест]] кој постоел помеѓу 11 и 15 век.
 
== ПриказнаСодржина==
 
[[Карло Велики]] и неговата војска се борат во текот на седум години во [[Шпанија]] и го опседнуваат градот [[Кордоба]] кога сараценскиот калиф на Сарагоса Марсил ги повикува своите благородници со желба да ја спаси Сарагоса од офанзивата на [[Франки]]те. По совет на Бланкадрин, Марсил решил да се престори дека се повлекува, за да обезбеди повлекување и на Франките од своите земји. Бланкадрин ветува на [[Карло Велики]], дека ако се врати во својата престолнина Екс-ла-Шапел (Ахен), Марсил наскоро ќе му испрати заложници и дарови и ќе му стане вазал и ќе го прифати христијанството. Благородниците на Карло Велики разговараат како да одговорат на предлогот на Марсил. Бретанскиот маркиз [[Роланд]], внук на Карло Велики, не верува на Марсил, но Ганелон, Наимон и повеќето од другите се склонети да му веруваат. Карло Велики се согласува со мнозинството, но се уште има тешкотии да најде амбасадор кој да отиде кај Марсил, бидејќи Марсил убил двајца претходни амбасадори. Тој го одбива предлогот на Роланд и на архиепископот на Ремс, Турпин наредува дека никој од Дванаесетте перови нема да биде избран. Роланд го нуди неговиот втор татко Ганелон да отиде како амбасадор, бидејќи тој го поддржал предлогот. Ганелон го толкува тоа како навреда, јавно се заканува Роланд и додека патува со Бланкадрин кон Сарагоса, кова заговор за одмазда. Во Сарагоса Ганелон го лаже на Марсил, кажувајќи дека согласноста на Карло Велики зависи од два услови: Марсил може да ја задржи половина Шпанија, а другата половина ќе биде дадена на Роланд и чичкото на Марсил треба да биде вклучен во групата на заложниците, кои ќе ја да гарантираат неговата склонетост. Откако се заканува дека ќе го убие Ганелон, Марсил дознава од Бланкадрин дека тој е подготвен да го предаде Роланд и Дванаесетте перови. Марсил му нуди на Ганелон пријателство и богати дарови, а Ганелон ветува дека Роланд и Дванаесетте перови на [[Франција]] ќе бидат поставени во ариергарда на армијата. Ова ќе им овозможи на Марсил, кои не може да влезе во отворена битка со Карло Велики, да ги убие Дванаесетте херои на Франција, без кои Франките нема да сакаат да влезат во војна.
 
=== Битката во Ронсево ===
 
Ганелон придонесува Роланд, Оливие и останатите перови да го преземат раководството на дваесетилјадната армија, која се повлекува на север во [[Пиринеи]]те. Четиристотини илјадната сарацинска армија е видена од пријателот на Роланд, Оливие, да се приближува кон ариергарда и Оливие го повикува на Роланд преку својот [[олифант]] да го повика остатокот од армијата, но честа на Роланд го принудува да се тепа, а не да бара помош, иако сарацините се побројни. Првиот напад на сарацините е одбиен, но преживуваат само околу триста витези, вклучувајќи го Роланд и повеќето од Дванаесетте перови. Сарацините почнуваат втор напад кој е предводен лично од Марсил. Наскоро станува јасно дека Франките ќе бидат поразени. По советот на архиепископот Турпин, Роланд не очекувајќи дека ќе се спаси започнува напад, а надевајќи се дека Карло Велики ќе се врати за да ги закопа нивните телата и да се одмазди за нивната маченичка смрт. Роланд толку силно започнал да свири преку својот олифант што Карло Велики го слуша од многу оддалеку, а од силниот сигнал на Роланд започнва да ну тече крв од устата и носот. Карло Велики се разтревожува, но Ганелон му вели дека нема за што да се грижите и дури по третиот повик на Роланд императорот заповедува да дојдат на помош. Кога само Роланд, архиепископ Турпин и Галтер де Хјум се сеуште живи, Роланд успева да ја отсече десната рака на Марсил. Марсил побегнува од бојното поле и е проследен со преживеаните од неговата армија. Роланд и Турпин остануваат сами на полето како победници, но Турпинд е повреден на многу места од сарацинските стрели и крвари до смрт додека го носи на Роланд. Самиот Роланд, иако неранен, крвари до смрт. Откако Турпин умира, Роланд се качува на врвот на еден рид, гледајќи на југ кон Шпанија. Тој се бори до смрт со еден неверник кој се преправа дека е умрен и кој сака да му го украде мечот. Потоа се обидува да го скрши мечот во една карпа за да не биде однесен како трофеј, но не успева во тоа. Роланд тогаш величејќи го мечот [[Дурендал]], прави некои светии кои се вградени во неговата рачка, како заб на [[Св. Петар]] и дел од облеката на [[Богородица]]. Роланд умира под едно дрво, гледајќи на југ и држејќи нож и рогови, а [[архангел Михаил]] и [[архангел Гаврил]] ја однесуваат неговата душа во рајот.
 
=== Битката меѓу Карло Велики и Балигант ===
 
Ред 35 ⟶ 38:
 
Франките се враќаат во Ахен, каде свршеницата на Роланд (и сестра на Оливие), Од, умира од тага. Ганелон е суден за предавство, но тврди дека неговите активности претставуваат оправдана одмазда и триесет негови роднини доаѓаат да го поддржат. Пријателот на Роланд, Тиери сепак вели дека бидејќи Роланд бил на служба кај Карло Велики, кога Ганелон ја исполнил одмазда, тоа е предавство кон царот. За да го реши случајот, роднината на Ганелон, Пинабел, влегува во дуел со Тиери. Преку божествена интервенција послабиот Тиери победува. По победата на Тиери, Ганелон е расфрлен од галопирашти коњи, а роднините кои ја гарантирале неговата невиност, се обесени. Кралицата Брамимонд е покрстена и Карло Велики конечно е задоволен. Поемата завршува со сон, при што му се јавува архангел Гаврил, кој му наредува да им помогне на кралот Вивиен чии град Имф е опколен од неверниците. Карло се разплакува и вели дека е веќе стар и несреќен.
 
== Историски контекст==