Нов органон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Наводи: дополнување
Ред 16:
Зборувајќи за индуктивниот метод како основен метод на философското проучување, во „Новиот органон“ Бејкон ги споредува [[Емпириски|емпиристите]] со [[Мравка|мравките]], коишто се неспособни да создадат нешто оригинално, зашто само ја собираат и ја трошат храната, додека [[Рационализам|рационалистите]] ги споредува со [[пајак]]от, којшто самиот од себе ја преде својата преѓа, тврдејќи дека вистинското философско делување е слично на работата на [[Пчели|пчелите]]. Имено, како што пчелата го собира својот материјал во полските [[Цвеќе|цвеќиња]], но го преработува и така создав [[мед]], така и философијата треба да ги обедини експерименталното прибирање на материјалот и нејзиното рационално преработување во духот.<ref>„Francis Bacon“ во: Gajo Petrović, ''Engleska empiristicka filozofija: Odabrani tekstovi filozofa''. Zagreb: Matica Hrvatska, 1955, стр. 32.</ref>
 
===Учењето за спознавање на природата===
Според Бејкон, основната задача на науката е да се спознае природата со помош на [[Индукција|индуктивниот]] метод, а вистинското сознание е она во кое се откриваат причините на појавите. Тука, Бејкон ги дели причините на: материја, форма, дејствувачка причина и цел. Сепак, во учењето на Бејкон поимот на формата не е целосно определен. Најчесто, Бејкон ја изедначува формата со законот, како на пример во првиот дел на „Нов органон“, каде тој вели: „Треба повеќе да се проучува материјата, нејзината внатрешна структура и промените на структурата (''ejus schematismi et meta-schematismi''), чистото дејствување (''actus purus'') и законот на дејствувањето или движењето; зашто формите се измислици на човечката душа, ако како форми не се наречат тие [[закон]]и на дејствувањето“. Слично на тоа, во вториот дел на „Нов органон“, Бејкон вели дека под форма не мисли на „формите и идеите кои се апстрактни или оние кои се неодредени или лошо одредени во [[материја]]та“, туку „законите (''leges'') и одредувањата (''determinationes'') на чистата дејност, кои ја уредуваат и творат некоја едноставна природа“. Притоа, според Бејкон, формата на топлината е исто што и законот на [[топлина]]та, т.е. изразот „форма или закон“ се среќава на повеќе места во неговите дела.<ref>„Francis Bacon“ во: Gajo Petrović, ''Engleska empiristicka filozofija: Odabrani tekstovi filozofa''. Zagreb: Matica Hrvatska, 1955, стр. 23-24.</ref>
<br />
== Наводи ==
{{наводи}}