Изборен кнез: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 12:
Германската практика на избирање на [[монарх|монарси]] започнала кога античките [[германи|германски]] племиња формирале ''ад-хок'' коалиции и ги избирале лидерите на истите. Изборите биле нерегуларно извршувани од страна на [[франки]]те чии земји-наследнички ги вклучувале [[Франција]] и [[Свето Римско Царство|Светото Римско Царство]]. [[Список на француски кралеви|Француската монархија]] со текот на времето станала [[наследство|наследна]], но императорите на Светото Римско Царство останале избирани, барем теоретски поради тоа што најголем број од монарсите произлегувале од Хабсбушката династија. Покрај тоа што слободните мажи на почеток го изразувале своето право на глас на избори, правото на глас постепено станало ограничено на владеачките фигури во царството. Во изборот на [[Лотар II]] во 1125, мал број на еминентни [[благородност|благородници]] го избирале монархот, а потоа го доставувале нивниот избор на одобрување на останатите аристократи кои се наоѓале во повисоките слоеви од општеството.
 
Подоцна правото да се избира монархот се станало практика на ексклузивна група од кнезови, а процедурата за барање на одобрение од останатото благородништво згаснала. Колегиумот од курфирсти се споменувал во 1152 и повторно во 1198. Составот на курфирсти во тоа време бил нејасен, но се смета дека бил составен од претставници на црквата како и [[Војвода|војводи]] од [[Племенско војводство|четирите нации на Германија]]: [[франки]]те ([[Војводство Франконија]]), [[шваби]]те ([[Војводство Швабија]]), [[саксонци]]те ([[Војводство Саксонија]]) и [[баварци]]те ([[Војводство Баварија]]).
 
=== 1257 до Триесетгодишната војна ===