Исак Бабел: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
 
→‎Биографија: дополнување
Ред 2:
 
==Биографија==
[[Податотека:Isaac Babel 1908.jpg|мини|Исак Бабел во 1908 година]]
Бабел е роден во 1894 година, во [[Одеса]]. Татко му бил трговец чиј дуќан се наоѓал на Молдаванка, така што уште како дете морал да му помага на својот татко во работата, а паралелно со тоа и учел. На возраст од шеснаесет години Бабел започнал да ги проучува [[Еврејски јазик|еврејскиот јазик]], [[Библија]]та и [[Талмуд]]от. Во Одеса, Бабел учел во Трговското [[училиште]] на императорот [[Николај I (Русија)|Николај I]], каде се дружел со децата на странските [[Трговија|трговци]], на еврејските посредници, на богатите [[Полјаци|Полаци]] и, како што самиот зборува во својата [[автобиографија]], „со староверците и со многу играчи на билијар“. Во тој период, Бабел поминувал многу време по пристанишните кафеани, пиејќи [[пиво]], играјќи [[Билијар|билијар]] и слушајќи различни приказни. Посебен впечаток во училиштето му оставил наставникот по [[француски јазик]], господинот Вадон родум од [[Бретања]], кој му давал да чита книги и ги оценувал првите негови книжевни текстови. Во периодот од 1917 до 1924 година бил војник на романскиот фронт; бил службеник во тајната полиција [[Че-Ка|Чека]] и во Наркомпрос; учествувал во експедиците за снабдување во 1918 година; се борел во состав на Северната армија во борбите против единиците на Јуденич, како и во Првата коњичка [[армија]]; бил член на Комитетот во Одеса; работел во седмата советска [[типографија]] во Одеса; некое време бил репортер во [[Петроград]], [[Тифлис]] итн.<ref>Nada Marinković, „Isak Babelj“, во I. E. Babelj, ''Crvena konjica''. Beograd: Rad, 1969, стр. 123-124.</ref>