Познањ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 69:
 
По крштевањето започнала изградбата на [[Црква Свети Петар и Павле (Познањ)|Градската катедрала]], која била прва во [[Полска]]. Најверојатно во катедралата се наоѓало и седиштето на првиот епископ на Полска, Јордан. По [[Конгрес од Гнезно|конгресот од Гнезно]] во [[1000]] година била основана првата архиепископија со седиште во [[Гнезно]] како главен град на Полска од тоа време, иако и Познањ имал свои независни епископи. Во катедралата биле погребувани првите полски монарси како Мешко I, Болеслав I, Мешко II, Кажимеж I а подоцна и Пшемисл I и Пшемисл II.
 
[[File:Grobowiec Mieszka I i Bolesława I Chrobrego.jpg|thumb|upright|Гробот на Мешко I и Болеслав I ]]
Кон почетокот на [[11 век]] градот имал мали конфликти со паганските подржувачи, за да во [[1038]] година биде освоен од страна на бохемскиот војвода [[Бржетислав I]]. Веќе следната година главниот град бил преместен во [[Краков]]. Во [[1138]] година, според тестаментот на [[Болеслав III]], Полска била поделена во посебни војводства а Познањ и неговата околина припаднала во териториите на [[Мешко III Стариот]], прв од војводите на [[Голема Полска]]. Овој период на фрагментација траел до [[1320]] година. Војводствата често ги проширувале своите територии на влијание. Во еден период Познањ заедно со [[Гнезно]] и [[Калиш]] биле вклучувани во едно војводство, но во други времиња тие претставувале посебни војводства.
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Познањ