Познањ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 72:
 
Во втората половина на 17 век, а најголем дел од 18 век, Познањ бил сериозно погодени од серија на војни како Втората и Третата Северна војна, Војната за полското наследство, Седумгодишната војна и.т.н. Исто така градот бил погоден од чести епидемии на чума и од поплави, особено онаа од [[1736]] година, кој уништил поголем дел од приградските објекти. Населението на градот значително се намалило (од 20.000 во околу 1600 до 6.000 во околу 1730). Во 1778 година во градот бил основан „Комитет на редот“, кој ја надгледувал обновата на градот и реорганизацијата на администрацијата на градот. Сепак, во 1793 година, по втората поделба на Полска, Познањ бил вклучен кон територијата на [[Кралство Прусија]], станувајќи дел и седиште на провинција Јужна Прусија.
 
Пруските власти ги прошириле границите на градот. Старите градски ѕидини биле срушени во почетокот на 19 век, а главниот развој бил пренасочен кон западниот дел од стариот град. Во тој период биле изградени многу од главните улици кои денеска се наоѓаат во централниот дел на градот.
По [[Големо полско востание (1806)|Големото полско востание]] од 1806 година, полските војници и цивилни волонтери помагнале во напорите на Наполеон во неговите војни против пруските сили. Градот станал дел од [[Војводство Варшава]] во [[1807]] година и бил седиште на Познанскиот оддел. Сепак, во [[1815]] година, по [[Виенски конгрес|Виенскиот конгрес]], регионот бил вратен на Прусија и Познањ станал главен град на полуавтономното [[Големо војводство Познањ]].
Градот продолжил да се проширирува, и разни проекти биле финансирани од страна на полските филантропи. Во овој период биле изградени библиотеката Рачински и хотел Базар. Првата железничка на градот била отворена во [[1848]] година. Поради својата стратешка локација, пруските власти изградиле нови ѕидини околу градот. По [[Големо полско востание (1848)|Големото полско востание]] од 1848 година, војводството ја изгубила својата автонимија додека градот останал единствено седиште на пруската провинција Посен. Во 1871 година градот станал дел од Германското царство. Властите правиле напори да се германизира регионот. [[Германци]]те изнесувале 38% од населението на градот во [[1867]] година, иако овој процент подоцна се намалил, особено откако регионот се вратил во Полска.
 
Во [[1876]] година започнала нова изградба на тврдини околу градот. Во [[1910]] година била изградена царската палата Замек како и оперската куќа. По [[Првата светска војна]] и [[Големо полско востание (1918-1919)|Големото полско востание]] од 1918-1919 година, Познањ и поголем дел од регионот биле ослободени и ова било потврдено од страна на Версајскиот договор. Локалното населението морало да се здобие со полско државјанство или да ја напушти земјата. Ова довело до значителен пад на процентот на етнички Германци, чиј број се намалил од 65.321 во [[1910]] до 5,980 во [[1926]] година и понатаму до 4.387 во [[1934]] година<ref>{{cite book|url=https://books.google.com/books?id=KVg_tMs_ZPIC&pg=PA365&dq=Goetheschule+Graudenz#v=onepage&q=adelnau&f=false|title=Polens Politik gegenüber seiner deutschen Minderheit 1919-1939|first1=Albert S.|last1=Kotowski|page=56|publisher=Forschungsstelle Ostmitteleuropa, [[University of Dortmund]] |year=1998 |language=German|ISBN=3-447-03997-3}}</ref>. Во меѓувоениот период, градот станал повторно главен на Познанското војводство. Универзитетот Познањ (денес се нарекува Адам Мицкиевич) бил основан во [[1919]] година. Границите на градот повторно биле прошири во [[1925]] година и 1933 година.
 
За време на германската окупација на 1939-1945, Познањ од страна на Третиот рајх бил прогласен како главен град на [[Вартеланд]]. Многу полски жители биле егзекутирани, уапсени, протерани или биле испратени на принудна работа. Во исто време во градот се населиле голем број на Германци. Населението на [[Германци]] се зголемило од околу 5.000 во [[1939]] година (околу 2% од населението) на околу 95.000 во [[1944]] година<ref>Jerzy Topolski. ''Dzieje Poznania w latach 1793-1945: 1918-1945''. PWN. 1998. pp. 958, 1425.</ref><ref>"Trial of gauleiter [[Artur Greiser]]". ''Law Reports of Trials of War Criminals''. United Nations War Crimes Commission. Wm. S. Hein Publishing. 1997. p. 86.</ref>. Пред [[Втората светска војна]] еврејската популација од околу 2.000 луѓе била убиена во најголем дел во [[Холокауст]]от<ref>"Survival artist: a memoir of the Holocaust", Eugene Bergman, 2009, pg. 20</ref>. Концентрационен логор бил формиран во [[Форт VII]], еден од деветнаесетте тврдини. Кампот подоцна бил преместен во Жабиково, јужно од Познан. Властите на Нацистичка Германија значително ги прошириле границите на градот, кои се задржале и по војната. Градот бил освоен од Црвената армија, со помош од страна на полските волонтери, на [[23 февруари]] [[1945]] година по битката на Познан, во која германската војска ги направила последните обиди за одбрана.
Поради протерување на германското население, населението на Познањ повторно се намалило. Градот повторно станал седиште на војводство. Во 1950 година големината на војводството било намалено, а на самиот град му бил даден посебен статус на војводство. Овој статус градот го изгубил по реформите од [[1975]] година.
 
Во 1956 година во градот се случиле протести како начин на изразување на отпорот против комунистичката власт. Во јуни 1956 година, во знак на протест од страна на работниците во фабрикатаЦегиелски, во градот започнале серија штрајкови и народни протести против политиката на владата. По протестниот марш на 28 јуни толпата ја нападнала комунистичката партија и тајната полициска станица, каде што биле одбиени од огнено оружје. Немирите продолжиле два дена додека не биле задушени од страна на армијата. Во овој период загинале 67 лица лица според официјалните податоци. Споменик на жртвите бил изграден во [[1981]] година.<ref>{{cite web|url=http://www.lonelyplanet.com/poland/wielkopolska/poznan/sights/landmarks-monuments/monument-victims-june-1956 |title=Monument to the Victims of June 1956 |publisher=Lonely Planet |date=1981-06-28 |accessdate=2016-01-19}}</ref>.
 
По крајот на војната биле реконструирани и обновени голем број на оштетени објекти. Од 1960 година започнала интензивна изградба на живеалишта, во преден план на станбени објекти.
 
Најново проширување на границите на градот имало во 1987 година, со додавање на нови области, главно на север. Првите слободни локални избори по падот на комунизмот се одржале во [[1990]] година, а Познањ повторно станал главен град на [[Големополско војводство|Голема Полска]].
 
Познањ продолжува да биде домаќин на редовните саеми и меѓународни настани, вклучувајќи ја Конференцијата за климатски промени на Обединетите нации. Градот бил еден од градовите домаќини за Евро 2012 година.
 
==Географија==
 
==Надворешни врски==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Познањ