Столбови на општеството: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
→‎Четврти чин: дополнување
Ред 41:
===Четврти чин===
Откако е веќе одлучено да се гради железницата, граѓаните доаѓаат во домот на Берник со овации поради неговото жртвување за доброто на градот. Берник е многу загрижен и не ја посакува свеченоста. Олаф бега од дома со намера да замине со стрико му во САД. Лона и Марта ја убедуваат Дина да замине со Јохан и таа прифаќа, водена од [[љубов]]та кон него и од желбата да постане самостојна. Потоа, Марта ѝ признава на Лона дека целиот живот била вљубена во Јохан. Лона го наговара Берник да проговори јавно за лагите кон Јохан. Хилмар ја носи страшната вест дека Олаф избегал со [[брод]]от, а Берник паѓа во очај, мислејќи дека ќе го загуби синот и бара итно да го врата бродот на брегот. Но, тогаш доаѓа неговата жена, кажувајќи му дека го вратила детето, со помош на Ауне, кој не дозволил бродот да исплови. Јохан и Дина, пак, заминале со друг брод. Зборувајќи пред граѓаните, Берник се покајува за своите гревови и јавно признава дека тој ја купил земјата, но ветува дека ќе им дозволи на сите граѓани да учествуваат во тој потфат. Исто така, делумно ги признава гревовите направени кон Јохан, на својот син му дозволува слободно да го избере својот живот, а на сопругата и на Лона им ветува дека целосно ќе се промени.<ref>Henrik Ibzen, ''Stubovi društva''. Beograd: Rad, 1963, стр. 90-119.</ref>
 
==За драмата==
Идејата за драмата Ибзен ја добил во [[лето]]то [[1874]] година, кога за првпат по емигрирањето ја посетил [[Норвешка]]. Во тоа време избувнала една голема афера во [[Англија]], по што се открило дека и норвешките [[Брод (пловило)|бродоградилишта]] не биле потполно чесни, бидејќи понекогаш испраќале во половидба неисправни бродови, загрозувајќи ги човечките животи. Ибзен ја запаметил оваа тема и по враќањето во [[Германија]] започнал да ја пишува драмата, која ја завршил дури во [[1877]] година. Во оваа драма тој ги прикажал лажниот [[морал]] и хипокризијата на норвешкото малограѓанско [[општество]] во кое угледните граѓани се подготвени на разни нечесни работи. Сепак, оваа остра критика, присутна во драмата, малку е разблажена на крајот со неуверливиот пресврт и со наивната и апстрактна теза за правдата и вистината. Сето тоа овозможило европската [[Буржоазија|буржоазија]] да ја прифати драмата не како разобличување на системот, туку како морална поука. Оттука, драмата постигнала голем успех: само во [[февруари]] [[1888]] година, дури пет [[Театар|театри]] во [[Берлин]] истовремено ја прикажувале на својата сцена.<ref>Stanislav Bajić, „Henrik Ibzen“, во: Henrik Ibzen, ''Stubovi društva''. Beograd: Rad, 1963, стр. 124-125.</ref>
 
== Наводи ==