Јосиф II (Свето Римско Царство): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 8:
 
По смртта на неговиот татко Франц I, кој бил избран за [[цар на Светото Римско Царство]], Јосиф II заедно со својата мајка управувал со австриските територии на [[Хабсбуршка Монархија|Хабсбуршката Монархија]]. Времето на нивното заедничко управување било опфатено со големи реформи, кои започнале со [[Седумгодишна војна|Седумгодишната војна]]. Во овој период во Западна Европа започнале да излегуваат просветителските идеи на француската филозофија од [[18 век]]. [[Просветителство]]то добило на популарност во литературата но навлегло и меѓу владините кругови во Австрија. И покрај конзервативните ставови на Марија Терезија, Јосиф II застанал на чело на ова движење кое довело до олеснување на положбата на селаните, зацврстување на државната власт на штета на феудалните елементи и довело до распушање на редот на [[Језуити]]те. И покрај искрената љубов кон својата мајка, Јосиф во практика најдобрите години од својот живот ги поминал во тивка борба со неа, но имало примери и кога конфликтите значително се заострувале.
 
== Самостоен владетел==
 
Дури по смртта на својата мајка во [[1780]] година, Јосиф станал целосно слободен за даги оствари своите реформски планови. Неговата цел претставувала идејата за воведување на просветен [[апсолутизам]]. Јосиф бил исклучително активен човек. Неговите безбројни патувања не претставувале триумфални прошетки низ неговите територии туку преку нив сакал да воспостави контрола. Јосиф
продолѓил да ја следи старата австриска традиција на зацврстување на внатрешната и надворешната моќ на државата преку бирократска централизација, обединување на на монархијата и послушност на црквата. Јозеф II овозможил гласно дискутирање на тековните прашања во печатот како и отворена критика кон активностите на монархот (Закон за печатот од [[11 јуни]] [[1781]] година).