Карло VII (Свето Римско Царство): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Карло VII''' ({{lang-de|Karl VII}}, роден на {{роден на|6|август|1697}} во {{роден во|Брисел}} - починал на {{починал на|20|јануари|1745}} во {{починал во|Минхен}}) — владетел од [[Вителсбаховци|династијата на Вителсбаховците]] како [[цар на Светото Римско Царство]] (1742-1745), [[крал на Бохемија]] (1741-1743) и [[Изборно Кнежество Баварија|изборен кнез од Баварија]] (1726–1745).
 
== Рани години ==
 
Карло VII Албрехт бил син на [[Максимилијан II Емануел]] (1662-1726) и неговата втора сопруга принцезата [[Тереза ​​Кунегунда Собиеска]] од [[Полска]] (1676-1730), ќерка на полскиот крал [[Јан III Собески]]. Во [[1715]] година неговото семејство се вратило од [[Брисел]] назад во [[Минхен]].
 
Во [[1717]] и [[1718]] година тој учествувал со баварска војска во војна против [[Османлии]]те.
 
На [[5 октомври]] [[1722]] година се оженил во [[Виена]] за војводката Марија Амалија Хабсбург-Австриска (1701-1756), ќерка на царот [[Јосиф I (Свето Римско Царство)|Јосиф I]] и неговата сопруга [[Вилхелмина Амалија фон Брауншвајг-Лунебург]]. Празнувањата при нивното враќање во Минхен на 17 октомври траеле до [[4 ноември]] [[1722]] година и истите ги чинеле 4 милиони гилдери.
 
Тој го изградил од 1734 до 1739 година за сопругата дворецот Амалиенбург во паркот Нимфенбург. На љубовницата Јосифа Топор Моравитцки тој и ја подарил палатата Порција. Тој самоволно си ја додал титулата надвојвода на Австрија.
 
Во 1736 година Карло VII повторно учествувал со војска од 8.000 луѓе во војна против [[Османлии]]те.
 
== Управување ==
 
Со договорот од Нимфенбург од [[28 мај]] [[1741]] година Баварија влегла во [[Војна за австриското наследство|Војната за австриското наследство]] во сојуз со [[Франција]], [[Шпанија]], Савоја и [[Прусија]]. На Карло Албрехт му била ветена царската круна. Тој со своите сили напредувал кон [[Виена]]. Франција ги поттикнала на баварците да ја нападнат [[Бохемија]], која била многу понезаштитена за разлика од Виена. Баварија ја зазела [[Прага]] на [[26 ноември]] [[1741]] година и на [[12 февруари]] [[1742]] година Карло бил крунисан за [[цар на Светото Римско Царство]] под името Карло VII. Крунисувањето било извршено во црквата „Св. Вартоломеј“ (Bartholomäuskirche) во [[Франкфурт на Мајна]] од неговиот брат [[Клеменс Август Баварски]], кој бил архиепископ на Келн.
 
Во меѓувреме, на [[19 декември]] [[1741]] година Карло бил крунисан во [[Прага]] за [[крал на Бохемија]].
 
Два дена по неговото крунисување, војниците на [[Марија Терезија]], ќерка и наследничка на [[Карло VII (Свето Римско Царство)|Карло VII]], навлегле во [[Минхен]]. Царот Карло VII морал да се откаже од териториите на Хабсбурговците и ја изгубил и својата земја. Така тој живеел во егзил во [[Франкфурт]]. Марија Терезија му ја понудил Ница и Сицилија во замена за царската титула и Баварија, но Англија ставила вето и Баварија останала во рацете на Вителсбаховците.