Ернест (војвода на Австрија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
НС
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Ернест''' ({{lang-de|Ernst, der Eiserne}}, роден во {{роден на|||1377}} во {{роден во|Брук ан дер Мур}} - починал на {{починал на|10|јули|1424}} во {{починал во|Брук ан дер Мур}}) — владетел од [[Хабсбуршка династија|Хабсбуршката династија]] како [[Предна Австрија|војвода од Австрија]], [[Војводство Штаерска|војвода од Штаерска]], [[Војводство Корушка|војвода од Корушка]] и [[Војводство Крањска|војвода од Крањска]] во периодот од [[1406]] до [[1424]] година.
 
== Рани години==
 
Ернест бил син на војводата [[Леополд III (војвода од Австрија)|Леополд III]] и [[Виридис Висконти]]. Во [[1386]] година неговиот татко бил убиен во битката кај Семпах. Нивниот чичко [[Албрехт III (војвода од Австрија)|Албрехт III]] ги управувал териториите на нивниот татко бидејќи Ернест, заедно со неговите браќа [[Леополд IV (војвода од Австрија)|Леополд]], [[Вилхем (војвода од Австрија)|Вилхем]] и [[Фридрих IV (војвода од Австрија)|Фридрих]] биле малолетни.
 
== Управување ==
 
По смртта на најголемиот брат Вилхелм на [[15 јули]] [[1406]] година, Ернест во [[1406]] година ја добил Штаерска, Корушка и Крањска и заедно со својот брат [[Леополд IV (војвода од Австрија)|Леополд]] (1371 - 1411), имал туторство на малолетниот [[Албрехт II (Германија)|Албрехт V]], кој подоцна бил избран за римско-германски крал под името Албрехт II. Во [[1407]] година избувнала граѓанска војна која завршила во мај [[1409]] година.
 
На [[18 март]] [[1414]] година Ернст започнал да се нарекува надвојвода. Во [[1414]] година Ернест станал Ерусалимски рицар, чувар на Светиот Гроб. Од [[1412]] година имал неколку конфликти со кралот [[Сигизмунд (цар на Свето Римско Царство)|Сигизмунд Луксембуршки]].
 
Ернест починал во [[1424]] година во Брук ан дер Мур. Неговиот гроб се наоѓа во манастир на Рајна до Грац. Дополнителното му име „Железниот“ започнало да се употребува дури по неговата смрт.