Безрбетници: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Без‘рбетницитеБез'рбетниците''' ([[Латински јазик|латлатински]].: '''''Invertebrata''''') се голема група на [[еукариот]]и во која припаѓаат [[животни]]те без [[‘Рбетен столб|‘рбетен столб]]. Тука се вклучени најголемиот број од сите видови на животни - според некои автори, на без‘рбетниците им припаѓаат 96,3% од целото животинско царство, наспроти 4% кои им припаѓаат на животните со ‘рбетен столб (''Vertebrata''). Без‘рбетниците се побројни и од сите останати царства ([[Археа|''Archaea'']], [[Монера|''Monera'']], [[Протиста|''Protista'']], [[Габа|''Fungi'']] и [[Растенија|''Plantae'']]) заедно.
 
Терминот ''без‘рбетници'' не е валиден од [[Систематика|таксономски]] аспект, додека терминот ''‘рбетници'' е таксон (поттип) во типот на [[Хордати|хордовите животни]] (''Chordata''). [[Хорда]]та е еволутивен претходник на ‘рбетниот столб и се јавува само во [[Ларва|ларвениот]] стадиум кај примитивните поттипови од типот ''Chordata'' ([[Туникати|''Tunicata'']] и [[Амфиоксус|''Acrania'']]), како и во [[Ембриогенеза|ембрионалниот развиток]] на ‘рбетниците (вклучувајќи го и [[човек]]от). Поради ова, животните од овие два поттипа (''Tunicata'' и ''Acrania'') некаде се сметаат за без‘рбетници. Поделбата на животните на без‘рбетници и ‘рбетници во [[зоологија]]та е направена од практични причини - за полесно изучување.