Леополд VI (војвода на Австрија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 10:
 
Леополд VI учествувал во шпанската [[Реконквиста]] и во две крстоносни војни - во [[1212]] и [[1217]]-[[1221]]. Слично на своите претходници, Леополд VI се обидел да го развие феудалниот систем во земјата со основање на манастири. Најважен проект на овој потфат бил манастирот во [[Лилиенфелд]] во [[Долна Австрија]] по долината на реката Трајзен каде по смртта Леополд бил погребан. Покрај тоа, тој давал подршка на католичките ордени. Друга важна заслуга на војводата Леополд било тоа што Енс го подигнал во статус на град во [[1212]] и [[Виена]] во [[1221]], чија територија се зголемила речиси двапати.
 
== Готика ==
 
При управувањето на Леополд, во Австрија започнал да се применува архитектонскиот стил [[Готска архитектура|готика]]. Капелата ''Capella Speciosa'' се смета за првиот објект кој бил направен во готски стил во реонот на реката Дунав во Клостернојбург. Реконструкција на капелата може да се види и денес во градините на дворецот во [[Лаксенбург]].
 
Австрија на Бабенбергите го достигнала зенитот за време на управувањето на Леополд. Како доказ за тоа може да се сметаат бракот на војводата со византиската принцеза [[Теодора Ангелина]] и неговиот обид да посредува во односите помеѓу царот на Светото Римско царство [[Фридрих II (Свето Римско Царство)|Фридрих II]] и [[папа Григориј IX]] на кои работел до својата смрт во [[1230]] година во [[Италија]].