Рак (болест): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Ред 119:
Прогресивните и распространувачки малигни болести имаат значително влијание врз квалитетот на животот на пациентот, и многу од третманите за рак (како хемотерапијата) може да имаат тешки несакани последици. Во напредните фази на ракот, на многу пациенти им е потребна посебна нега, што ги засегнува и членовите на семејството и пријателите. Палијативната грижа како решение може да вклучува трајна или повремена грижа во дом.
== Епидемиологија ==
Во [[2004]] година, во [[Македонија]] од рак починале 157 лица на 100.000 жители, а веќе во 2014 година смртноста се зголемила на 180 починати лица на 100.000 жители. Така, во 2014 година, вкупно 3.730 луѓе умреле од рак во Македонија, што изнесувало 18,9% од вкупниот број на умрените лица. Набљудувано по региони, најмала е смртноста во [[Полошки регион|Полошкиот регион]] (120 починати на 100.000 жители), а најголема во [[Пелагониски регион|Пелагонискиот]] (214 починати на 100.000 жители) и во [[Скопски регион|Скопскиот регион]] (213 починати на 100.000 жители). Во споредба со останатите земји во [[Европа]], Македонија се наоѓа кон средината во поглед на смртноста поради рак. Во тој поглед, најголема смртност има во [[Унгарија]], каде во 2012 година од рак починале 361 лице на 100.000 жители. Исто така, [[смрт]]носта е висока во [[Хрватска]] (341 починато лице на 100.000 жители во 2011 година), [[Словачка]] (325 починати лица на 100.000 жители) и [[Словенија]] (318 починати лица на 100.000 жители). Во светот постои тренд на зголемување на бројот на починати лица од рак при што дури 66% од сите случаи на малигни заболувања отпаѓаат на [[Земји во развој|земјите во развој]] и неразвиените земји. Сепак, според д-р Милан Ристевски, Македонија се наоѓа на самиот врв во Европа според смртноста поради одредени видови рак, како што се [[Рак на дојка|ракот на дојката]] и [[Рак на белите дробови|ракот на белите дробови]].<ref>Љубица Балабан, „Во Македонија од рак умираат речиси двојно помалку отколку во Европа“, ''Дневник'', година XX, број 5995, понеделник, 222 февруари 2016, стр. 7.</ref>
 
== Историја ==
Хипократ (460 г. п.н.е – 370 г. п.н.е) опишал неколку видови на рак, нарекувајќи ги, меѓу другите, со грчиот збор „карцинос“ (рак или речен рак). Името доаѓа од изгледот на пресекот на цврст малигнен тумор, со „вените раширени на сите страни исто како нозете на животното, на ракот, и оттаму неговото име“. Бидејќи било против грчката традиција да се отвора телото, Хипократ ги опишувал и цртал само оние видливи тумори на кожата, носот и градите. Лекувањето се засновало врз теоријата за четирите телесни течности (црна и жолта жолчна течност, крв и слуз). Според овие течности, лекувањето се состоело од начин на исхрана, испуштање на крв, и/или лаксативи. Низ вековите, било откриено дека ракот може да се појави каде било во телото, но лекувањето засновано врз теоријата за четирите телесни течности останала популарна се до 19-тиот век, кога биле откриени клетките.