Рак (болест): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
изменета категоризација
дополнување
Ред 15:
}}
'''Рак''' (медицински термин: малигна неоплазма) е класа на болести каде што група на клетки пројавува неконтролиран раст преку поделба надвор од нормалните граници, напаѓање и врзување со соседните ткива, и понекогаш појава на метастази, кои ги шират клетките на други места во телото преку лимфниот систем и крвотокот. Овие три малигни својства го одвојуваат ракот од бенигните тумори, кои се самоограничени и не напаѓаат ниту метастазираат.
 
Ракот е пред се предизвикан од животната средина, 90-95% од случаите се должат на начинот на живот и факторите на средината, додека 5-10% се наследни. Најчестите фактори на средината кои доведуваат до рак (15-20%) се: тутунот (25-30%), начинот на исхрана и преголемата тежина (30-35%), инфекциите (15-20%), зрачењето, стресот, недостатокот на физичка активност, и загадувачите на животната средина. Овие фактори предизвикуваат абнормалности во генетскиот материјал на клетките. Генетските абнормалности обично влијаат врз две општи класи на гени: онкогени и тумор супресорни гени.
За дефинитивна дијагноза е потребно истражување на примерок земен со биопсија, иако првичните знаци на малигнитет може да бидат симптоматични или радиографски. Повеќето видови на рак можат да се лечат, и тоа вклучува хемотерапија, радиотерапија и/или операција. Врз прогнозата највеќе влијае видот на ракот и степенот на болеста. Иако ракот може да ги погоди сите старосни групи, ризикот се зголемува со возраста. Во 2004 година, ракот беше причина за 13% од сите смртни случаи (7.6 милиони).
== Класификација ==
Видовите на рак се класифицираат според видот на клетки кои наликуваат на тумор, и според тоа, на ткивото за кое се претпоставува дека е зачеток на туморот. Подолу е хистологијата и местоположбата на видовите рак. Примери за неколку општи категории се:
Ред 66 ⟶ 65:
Во нечовечките организми, опишани се неколку видови на пренослив рак, каде ракот се шири меѓу животните преку пренесување на самите клетки на туморот. Овој феномен е забележан кај кучиња со стикеров сарком, уште познат како кучешки пренослив венеричен тумор, и како ѓаволов тумор на лицето кај [[тасмански ѓавол|тасманските ѓаволи]].
== Патопсихологија ==
Ракот, пред се е болест на управување на растот на ткивата. За една нормална клетка да се преобрази во канцерска клетка, треба да се променат гените кои го регулираат растот на клетките. Генетските промени можат да се случат на различни начини, од добивање или загуба на цели хромозоми, па се до мутација која ќе зафати еден единствен нуклеотид на ДНА. Постојат две пошироки категории на гени кои можат да бидат зафатени од овие промени. Онкогените можат да бидат нормални гени кои се пројавуваат во несоодветно високи нивоа, или променети гени кои имаат нови својства. И во двата случаи, изразувањето на овие гени го унапредува малигнениот фенотип на канцерските клетки. Тумор супресорните гени се гени кои ја спречуваат поделбата на клетките, опстанокот или другите својства на канцерските клетки.. Тумор супресорните гени се често оневозможени од промените кои се случуваат заради развојот на канцер. Типично, промените во многу гени се оние кои ја менуваат обичната клетка во канцерска.
Постојат многу начини на класификација за различните промени во геномот кои можат да допринесат за создавање на генерација на канцерски клетки. Повеќето од овие промени се мутации, или промени во нуклеотидната секвенца на геномската ДНА. Анеуплодија, односно присуство на ненормален број на хромозоми, е една од геномските промени кои не се мутации, и може да вклучува или придобивање или губење на еден или повеќе хромозоми преку грешки во митозата.
Мутациите од поголем размер вклучуваат бришење или придобивање на дел од хромозомот. Геномско засилување се случува кога клетката ќе прими преголем број копии (често 20 или повеќе) од еден мал хромозомски локус, кој вообичаено содржи во себе еден или повеќе онкогени и соседен генетски материјал. Транслокација се случува кога два одделни хромозомски региони стануваат неприродно поврзани, често на карактеристично место. Добро познат пример за ова е хромозомот „Филаделфија“, односно транслокацијата на хромозомите 9 и 22 која настанува при хронична миелогена леукемија и резултира со создавање на БЦР-АБЛ фузискиот протеин, онкогенска тирозин киназа.
Ред 77 ⟶ 76:
* Заради мутација клетката може да стане неуништлива (теломер), со што засекогаш ќе им штети на здравите клетки.
 
Така, ракот често експлодира во нешто слично на верижна реакција предизвикана од неколку грешки, кои се наталожиле во поголеми грешки. Основната причина за ракот се грешките што предизвикуваат повеќе грешки, и тоа е причината зошто е толку тешко да се лекува ракот; дури и ако имало 10 милијарди канцерски клетки и успеале да ги убијат сите освен 10, тие клетки (заедно со други клетки склони кон грешки) повторно можат да се реплицираат или да пратат сигнали кои предизвикуваат грешки во други клетки, почнувајќи го процесот одново. Ова сценарио налик бунт е непожелен опстанок на најсилните, каде што водечките сили на еволуцијата работат против телото и воспоставувањето на ред. ВсуштностВсушност, кога ракот еднаш ќе почне да се развива, со исто темпо продолжува да напредува кон поагресивни фази, што се нарекува клонална еволуција.
Истражувањата за причинителите на рак најчесто се категоризираат на следниов начин:
Агенти (пример: вируси) и настани (пример: мутации) кои ги предизвикуваат или олеснуваат генетските промени во клетките кои подоцна ќе станат рак.
Точната природа на генетските оштетувања, и гените кои се засегнати од ова.
Последиците од оние генетски промени во биологијата на клетката, кои заедно водат до создавање на конечните својства на канцерска клетка или го олеснуваат.
 
== Дијагноза ==
Повеќето случаи на рак првично се дијагностицираат при клинички преглед по откривањето на знаци или симптоми на ракот. Меѓутоа, за конечна дијагноза и типизација на ракот најчесто е потребно мислење од патолог, вид на лекар кој е специјализиран за дијагностицирање на рак и други болести <ref>biopsija.com [http://www.biopsija.com], ''ПЗУ Биопсија''„Биопсија“].</ref>. Тестовите кои се вршат на луѓе што може да имаат рак вклучуваат крвни слики, рентген снимки, снимање на мозокот и ендоскопија.
=== Патологија ===
Може да се посомневаме на заболување од рак од различни причини, но конечната дијагноза за повеќето малигнинети треба да биде потврдена од хистолошки преглед на канцерогени клетки направен од патолог. Ткивото може да се добие преку биопсија или операција. Многу биопсии (како оние на кожата, градите или црниот дроб) може да се направат во лекарска ординација. Биопсии на други органи се вршат под анестезија и за нив е потребна операција во операциона сала.
Ред 124 ⟶ 119:
Прогресивните и распространувачки малигни болести имаат значително влијание врз квалитетот на животот на пациентот, и многу од третманите за рак (како хемотерапијата) може да имаат тешки несакани последици. Во напредните фази на ракот, на многу пациенти им е потребна посебна нега, што ги засегнува и членовите на семејството и пријателите. Палијативната грижа како решение може да вклучува трајна или повремена грижа во дом.
== Епидемиологија ==
Во [[2004]] година, во [[Македонија]] од рак починале 157 лица на 100.000 жители, а веќе во 2014 година смртноста се зголемила на 180 починати лица на 100.000 жители. Така, во 2014 година, вкупно 3.730 луѓе умреле од рак во Македонија, што изнесувало 18,9% од вкупниот број на умрените лица. Набљудувано по региони, најмала е смртноста во [[Полошки регион|Полошкиот регион]] (120 починати на 100.000 жители), а најголема во [[Пелагониски регион|Пелагонискиот]] (214 починати на 100.000 жители) и во [[Скопски регион|Скопскиот регион]] (213 починати на 100.000 жители). Во споредба со останатите земји во [[Европа]], Македонија се наоѓа кон средината во поглед на смртноста поради рак. Во тој поглед, најголема смртност има во [[Унгарија]], каде во 2012 година од рак починале 361 лице на 100.000 жители. Исто така, [[смрт]]носта е висока во [[Хрватска]] (341 починато лице на 100.000 жители во 2011 година), [[Словачка]] (325 починати лица на 100.000 жители) и [[Словенија]] (318 починати лица на 100.000 жители). Во светот постои тренд на зголемување на бројот на починати лица од рак при што дури 66% од сите случаи на малигни заболувања отпаѓаат на [[Земји во развој|земјите во развој]] и неразвиените земји. Сепак, според д-р Милан Ристевски, Македонија се наоѓа на самиот врв во Европа според смртноста поради одредени видови рак, како што се [[Рак на дојка|ракот на дојката]] и [[Рак на белите дробови|ракот на белите дробови]].<ref>Љубица Балабан, „Во Македонија од рак умираат речиси двојно помалку отколку во Европа“, ''Дневник'', година XX, број 5995, понеделник, 2 февруари 2016, стр. 7.</ref>
Од 2004 – та година па наваму, ракот е причинител на 13% од сите смртни случаи во светот (7,4 милиони). Главните причини биле: рак на белите дробови (1,3 милиони смртни случаи годишно), рак на стомакот (803 илјади смртни случаи), рак на дебелото црево (693 илјади смртни случаи), рак на црниот дроб (610 илјади смртни случаи) и рак на дојката (519 илјади смртни случаи).
Во Соединетите Американски Држави, ракот е одговорен за 25% од сите смртни случаи од кои 30% биле од рак на белите дробови. Кај мажите најчест вид на рак е ракот на простата (околу 25% од новите случаи), а кај жените е ракот на дојката (исто околу 25%). Ракот може да се појави и кај деца и адолесценти, но не е вообичаен (има околу 150 случаи во милион, во САД), а леукемијата е најчестиот вид. Во првата година на живот, инциденцата е околу 230 случаи во милион во САД, со невробластомот како најчест вид.
Во развиените земји, еден од тројца луѓе ќе развие рак за време на својот живот. Ако сите пациенти со рак преживеат и ракот се појавува по случаен избор, животните шанси за развивање на втор примарен рак би биле еден во девет. Сепак, оние што преживеале рак имаат зголемен ризик од добивање на втор примарен рак, и шансите се отприлика двајца во девет. Околу половина од овие втори примарни ракови се последица на првичниот ризик еден во девет, поврзан со случаен избор. Постои мислење дека зголемениот ризик првично се должи на истите фактори на ризик кои биле причина за појава на првиот рак (како генетскиот профил на личноста, консумирањето на алкохол и цигари, зголемена телесна тежина и изложувања на околината), и делумно на третманот со кој се лекувал првиот рак, кој обично вклучува мутагенски хемотерапевтски лекови и зрачење. Поверојатно е дека оние кои го преживеале ракот полесно ќе се согласат на препорачаното рано откривање и следење на ракот, и со тоа ќе имаат повеќе шанси да го откријат ракот.
== Историја ==
Хипократ (460 г. п.н.е – 370 г. п.н.е) опишал неколку видови на рак, нарекувајќи ги, меѓу другите, со грчиот збор „карцинос“ (рак или речен рак). Името доаѓа од изгледот на пресекот на цврст малигнен тумор, со „вените раширени на сите страни исто како нозете на животното, на ракот, и оттаму неговото име“. Бидејќи било против грчката традиција да се отвора телото, Хипократ ги опишувал и цртал само оние видливи тумори на кожата, носот и градите. Лекувањето се засновало врз теоријата за четирите телесни течности (црна и жолта жолчна течност, крв и слуз). Според овие течности, лекувањето се состоело од начин на исхрана, испуштање на крв, и/или лаксативи. Низ вековите, било откриено дека ракот може да се појави каде било во телото, но лекувањето засновано врз теоријата за четирите телесни течности останала популарна се до 19-тиот век, кога биле откриени клетките.