Плата: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 16:
Споредбата со останатите држави на подрачјето на поранешната [[СФРЈ]] покажува дека платите во Македонија биле најниски, т.е. платите во [[Србија]] биле повисоки за 15%, платите во [[Босна и Херцеговина]] и во [[Црна Гора]] биле повисоки за 40% и 41%, соодветно, платите во [[Хрватска]] ги надминувале македонските плати за 119%, а највисоки биле платите во [[Словенија]], кои биле повисоки за 193% во однос на македонските.<ref>Павле Гацов, „Платите како летна тема“, ''Економија и бизнис'', год. 16, бр. 180, јули 2013, стр. 43.</ref>
<br />
Во [[декември]] [[2014]] година, според податоците на [[Завод за статистика (Македонија)|Заводот за статистика]], просечната бруто-плата изнесувала 32.741 [[денар]], додека просечната нето-плата изнесувала 22.407 денари, што претставувало пораст од 4,2% во споредба со декември [[2013]] година. Притоа, 1,2% од вработените во Македонија не зеле плата за тој месец.<ref>„Просечната нето-плата во декември 22.407 денари“, ''Дневник'', петок, 27 февруари 2015, стр. 23.</ref> <ref>„Просечната нето-плата 22.407 денари“, ''Утрински весник'', година XVI, број 4721, петок, 27 февруари 2015, стр. 9.</ref> Според податоците за [[септември]] [[2015]] година, дејности со нависока-бруто плата во Македонија биле: финансиска дејсност и [[осигурување]] (57.712 [[денар]]и), снабдување со [[електрична енергија]] (54.204 денари), информации и комуникации (51.101 денар) и други услужни дејности (43.599 денари). Од друга страна, бруто-платата била најниска во следниве дејности: објекти за сместување (22.308 денари), административни дејности (22.566 денари), [[земјоделство]] и [[шумарство]] (23.779 денари) и преработувачка [[индустрија]] (24.288 денари).<ref>''Економија и бизнис'', год. 18, бр. 210/211, декември 2015/јануари 2016, стр. 7.</ref>
 
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Плата