Џулијан Швингер: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 26:
 
== Биографија ==
Роден е во [[Њујорк (град)|Њујорк]] во еврејско семејство со полско потекло, кое мигрирало во [[Америка]] и ја почитувало ортодоксната еврејска традиција. Неговите родители (мајка-Бел и татко-Бенџамин) биле успешни производители на облека.<ref>{{cite book |title=Climbing the mountain: the scientific biography of Julian Schwinger |publisher=Oxford University Press |year=2000 |first=Jagdish |last=Mehra |pages=1–5 }}</ref><ref>http://www.bookrags.com/biography/julian-schwinger-wop/</ref> Нивниот бизнис пропаѓа по крахот на њујоршката берза во 1929 година.
 
Се школувал во [[Средното училиште „Townsend Harris“]], а потоа во [[Сити колеџот во Њујорк.]] Дипломирал во 1936 година на [[Универзитетот Колумбија]], каде и докторирал во 1939 година, на 21 годишна возраст под менторство на [[Исидор Ајзак Раби]].
Ред 49:
Неговите односи со колегите биле мошне комплексни, главно заради неговата теорија на извор. Швингер ја подразбирал теоријата на извор како супститут на теоријата на поле, иако таа е само поинаква гледна точка, една верзија на ефективна теорија на поле. Теоријата на извор се сметала за формална, полна со недостатоци за разлика од квантната теорија на поле, и критиките на неговите колеги од Харвард доведоа до тоа Швингер да го напушти универзитетот и да замине на Универзитетот во Лос Анџелес. Таму продолжува со реформулирањео на резултатите од квантната теорија на поле со теоријата на извор.
 
По 1989 година, Швингер пројавува особен интерес на неконвенвенционалното истражување на [[ладна фузија]] и во врска со тоа напишал осум трудови, кои, Американското физички здружение одбива да ги објави.<ref>{{Citation| title=Climbing the Mountain: The Scientific Biography of Julian Schwinger|author=[[Jagdish Mehra]], K. A. Milton, Julian Seymour Schwinger|edition=illustrated|editor=[[Oxford University Press]]|year=2000|isbn=0-19-850658-9|page=550|url=http://books.google.com/?id=9SmZSN8F164C&pg=PA550&vq=resigned+american+physical+society+cold+fusion&dq=Julian+Schwinger+cold+fusion|publisher=Oxford University Press|location=New York}}, Also {{harvnb|Close|1993|pp=197–198}}</ref> Тоа го чувствувал како напад врз академската слобода и напишал: „ Притисокот за еднаквост е енормен. Јас го почувствував тоа преку издавачкото одбивање на испратени трудови, базирано на пакосен критицизам на анонимните рецензенти. Замената на правичниот преглед со цензура, ќе биде смрт за науката.“
 
Во своите последни публикации, Швингер предложил теорија на [[сонолуминисценција]], во која феноменот на [[радијативен квантум]] се поврзува не со атомите, туку со брзо движечките површини во колабиран меур, каде има дисконтинуитет во диелектричната константа. Стандардните објаснувања, сега подржани со експерименти, се фокусирале на суперзагреаните гасни атоми во внатрешноста на меурот како извор на светлина, но Швингеровите методи, го враќале назад кон неговите стари трудови за квантна електродинамика.
Ред 59:
[[Податотека:Julian Schwinger headstone.JPG|thumb|alt=|Симболите на надгробната плоча на Џулијан Швингер.]]
И покрај заедничката Нобелова награда, Швингер и Фајнман имале различни методи во квантната електродинамика, како и во квантната теорија на поле генерално. Фајнман користел [[регулатор]], додека Швингер можел да направи формалнa ренормализација без експлицитен регулатор. Швингер верувал во формализмот на локалните полиња, додека Фајнман верувал во патеките на честичката. Тие меѓусебно си ја следеле работата и меѓусебно се почитувале. По смртта на Фајнман, Швингер го опишал на следниов начин: „Чесен човек, посебен интуитионист на нашето време, и одличен пример за секој кој се осмелува да го следи ритамот на еден поинаков барабан.“
 
==Смрт==
Швингер умрел од карцином на панкреас. Погребан е на гробиштата Mount Aubum. На надгробната плоча над неговото име е изгравирано α/2π. Овие симболи се однесуваат на неговата пресметка на корекцијата на магнетниот момент на електронот.