Горен кварк: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 34:
}}
 
'''Горен кварк''' или '''''u''''' '''кварк''' е една од елементарните честички од која е создадена материјата. Најлесен е од сите кваркови. Заедно со долниот кварк ги формира неутроните ( еден горен кварк и два долни кварка ) и протоните ( два горни кварка и еден долен кварк ) кои се дел од атомските јадра. Дел е од првата генерација на честичките, има полнеж од +2/3 e и маса измеѓу 1.8 - 3.0 MeV/c2. Како и сите кваркови, горниот кварк е елементарен фермион со вртеж од -1⁄2 и ги искусува сите четири основни интеракции: гравитација, електромагнетизам, слабо заемодејство и силно заемодејство. Античестичката од горниот кварк се нарекува '''горен антикварк'''.

Постоењето на горниот кварк ( заедно со долниот и чудниот кварк ) беше постулиран во 1964 година од страна на Murray Gell-Mann и George Zweig за да се објасни "Осумкратниот пат" ( Eightfold Way)- класификационата шема на хадроните. Горниот кварк за првпат беше опитуван од експериментите во Stanford Linear Accelerator Center во 1968 година.
 
==Историја==
 
Во почетоците на физиката за честиците ( првата половина на дваесетиот век ) за хадроните, како и протоните, неутроните и пи-мезоните се мислеше дека се елементарни честици. Сепак, како што беа откриени новите хадрони, бројот на честичката "zoo" порасна од неколку честички во раните триесети и четириесети години на дваесетиот век во неколку десетици во педесетите години на дваесетиот век. Врската измеѓу нив беше нејасна се до 1961 година кога Murray Gell-Mann и Yuval Ne'eman ( независно еден од друг ) предложиле класификациона шема на хадроните наречена "Осумкратниот пат" ( Eightfold Way).
 
Оваа класификациона шема ги организира хадроните во изоспин (isospin multiplets ??? ), но физичката основа што стоела позади сето тоа сеуште била неразјаснета. Во 1964 година Gell-Mann и George Zweig ( независно еден од друг ) го предложиле кварковиот модел, тогаш составен само од горен, долен и чуден кварк. Сепак, додека Кварковиот модел го објаснувал "Осумкратниот пат" ( Eightfold Way), немало директен доказ за постоењето на кварковите, се до 1968 година во Stanford Linear Accelerator Center. Експериментите на длабоко нееластично распрснување ( Deep inelastic scattering ?? ) укажуваат на тоа дека протоните поседуваат потструктура, и дека протоните кои се створени од три или повеќе основни честички го потврдуваат постоењето на кварковиот модел.