Фердинанд I: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Ред 121:
 
На [[6 април]] [[1896]] г. се сретнал со српскиот дипломатски претставник [[Владан Ѓорѓевиќ]]. Притоа, Фердинанд ја истакнал потребата од [[српско-бугарски односи|српско-бугарско зближување]] за што главен проблем претставувале нивните спротивставени интереси во Македонија. Во разговорот, Фердинанд потенцирал дека додека [[Срби]]те и [[Бугари]]те се расправале за ''раженот'', ''зајакот се уште бил во шума''. Во контекст на тоа Фердинанд истакнал:
 
{{Цитатник|'' Во Македонија, главната маса од населението ниту се Бугари, ниту Срби, туку Словени и христијани, кои зборуваат јазик подеднакво далечен или ако сакате подеднакво близок на српскиот и на бугарскиот јазик, но, јазик, кој е посебен дијалект, ако не и посебен јазик. Наместо да се караме околу тоа, дали тој е дијалект на српскиот или бугарскиот јазик, ние треба заеднички да работиме и тоа овде (Цариград б.н) кај нашиот заеднички татко Султанот, за да им даде на своите верни поданици во Македонија такви реформи кои ќе им осигураат човечки живот и културен развиток... Ако тоа се реши, културата на Македонците ќе го реши прашањето кое што никоја сила не може да го реши, па дури ако Србите и Бугарите поради тоа ја фрлаат на коцка својата државна егзистенција'' <ref name="AMF CARI"><small>'' Државен архив на Репубилка Македонија (ДАРМ), ф. Политичко Одделени (ПО), мф.
446, Пов. Но. 228, Цариград, 26. III 1896.''</small></ref>}}
 
Тој понудил формирање на сојуз во кој, според него, требало да влезат [[Бугарија]], [[Србија]] и [[Црна Гора]], но бил против влегувањето на [[Грција]], сметајќи дека таа сака да го искористи српско-бугарскиот антагонизам и да приграби голем дел од [[Македонија]].