Македонско прашање: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 9:
Во оваа пропаганда, преку Цариградската партријархија, [[Грција]] е вмешана уште од многу порано - Од времето на распуштањето на [[Охридска архиепископија|Охридската архиепископија]] со што најпрво започнува елинизацијата на македонското наеселение.
 
== Вистината ==
== Бугарска гледна точка ==
За време на Османлиското владеење на Балканот етноними ретко се користеле. Населението било поделено на верски заедници: правоверни и неверници, вклучени во законски признаени религиозни општества (милети). Како резултат, народите почнале постепено да ja губат нивната етничка припадност. [[Рум милет]]от бил верската заедница на православните христијани. Сепак под османлиска власт етнонимите никогаш не биле исчезнати, што укажува дека некоја форма на етничка идентификација била зачувана.<ref>[http://www.bsa.ac.uk/doc_store/IT/IT2012_49.pdf Balkan cultural commonality and ethnic diversity. Raymond Detrez (Ghent University, Belgium).]</ref> Тоа се гледа и од султански ферман од 1680 година во кој се наведени народностите во Балканските земји на империјата и тоа се: Грците (Рум), Албанците (Арнаут), Србите (Срф), Власите (Ефлјак) и не на последно место Бугарите (Булгар).<ref>[http://books.google.bg/books?id=hnzDyhp70HUC&pg=PA23&lpg=PA23&dq=%D0%A2%D0%BE%D0%B2%D0%B0+%D1%81%D0%B0+%D0%B3%D1%8A%D1%80%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5+(%D1%80%D1%83%D0%BC),+%D0%B0%D0%BB%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5+(%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B0%D1%83%D1%82),+%D1%81%D1%8A%D1%80%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%B5+(%D1%81%D1%8A%D1%80%D1%84),++%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B8%D1%82%D0%B5+%D0%B5%D1%84%D0%BB%D1%8F%D0%BA&source=bl&ots=Z3zyVPegRQ&sig=bBSXbBQPRK93bixBgZmzK50cKoY&hl=bg&sa=X&ei=6f4LUeTpJY35sgbW-IDgCw&ved=0CEcQ6AEwBA#v=onepage&q=%D0%A2%D0%BE%D0%B2%D0%B0%20%D1%81%D0%B0%20%D0%B3%D1%8A%D1%80%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5%20(%D1%80%D1%83%D0%BC)%2C%20%D0%B0%D0%BB%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5%20(%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B0%D1%83%D1%82)%2C%20%D1%81%D1%8A%D1%80%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%B5%20(%D1%81%D1%8A%D1%80%D1%84)%2C%20%20%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%B5%D1%84%D0%BB%D1%8F%D0%BA&f=false История на българите. Късно средновековие и Възраждане, том 2, Георги Бакалов, TRUD Publishers, 2004, ISBN 9545284676, стр. 23. (Bg.)]</ref> Сепак, тогаш обичните луѓе гледале на себе си повеќе како христијани, а татковината им се протегала до границите на земјата на родното им населба.
 
Ред 17:
 
Самиот процес на одделување на македонските Словени бил делумно резултат на асимилаторската политика на Кралство Југославија и Кралство Грција спроведена меѓу двете светски војни. Локалните бугарски цркви и училишта биле затворени или претворени во српски или грчки, а свештениците и учителите биле малтретирани и протерани во Бугарија. Подоцна дел од младата лева интелигенција, ja отфрлил новата српска и грчка врска, но и бугарските корени на своите родители. Така во 1934 година по неjзна иницијатива била прифатена резолуција на Коминтерната за македонското прашање. Со неа за прв пат во историјата било признаено постоењето на посебен македонски народ и македонски јазик. Сепак, населението во Македониjа ja прифатило Бугарската воjска во 1941 година како ослободителка од српскиот и грчки гнет. Меѓутоа, поради лошо организираната администрација и фактот дека Германија ке ја изгуби војната, Бугарија ја изгубила својата популарност. Така, за време на бугарската власт во Македонија (1941 - 1944), комунистичкиот отпор, особено од 1943 година бил се поактивен и се борел за самостојна македонска држава и создаване на посебна нација. На овој пат, претежно по креирањето на Jугословенската федерална Народна Република Македонија по Втората светска војна, со кодифициране на македонскиот јазик, се формирала конечно и македонската нација.
 
== Српска гледна точка ==
[[Срби]]те својата теза ја градат на тоа дека голем дел од населението крајот на 19. и почетокот на 20. век под притисок на [[бугари]]те и [[турци]]те се претопиле и ги промениле своите презимиња од -иќ (на [[српски јазик]] -ић) во -ски. (Ивановиќ е сменато во Ивановски).
 
== Грчка гледна точка ==
Веќе беше спомнато дека, преку Цариградската партријархија, [[Грција]] е вмешана уште од многу порано - Од времето на распуштањето на [[Охридска архиепископија|Охридската архиепископија]] со што започнува елинизацијата на македонското наеселение.
 
Големата идеја (грчки: Μεγάλη Ιδέα) е проект за голема Грција на Балканот во границите на некогашната Византија која се појавува во мислите на Ригас и била публикувана во 1821 година. Како дел од оваа ''Голема идеја'' се засилува грчката националистичка пропаганда во Македонија, која во современа форма рефлектира денес во односите на оваа држава со соседите).
 
Како продолжување на оваа пропаганда денес грчката држава преку неприфаќање на името на македонската држава го негираат постоењето на македонската нација преку ирационалното неприфаќање на употребата на терминот Македонија, [[Македонци|Македонец]] и [[македонски јазик]], затоа што, според официјалнитот став, Македонија е името на нивна провинција, која постои од минатото од времето на [[Александар Македонски]], и нема врска со Словените кои се населиле неколку векови подоцна. Поради ова, Република Македонија исто така е позната и под називот ПЈРМ (Поранешна Југословенска Република Македонија), меѓутоа се обидуваат и двете страни да изнајдат заедничко име, меѓутоа ниту една од страните не се согласува со издадените предлози.
 
==Македонското име во Обединетите нации==
 
Македонски научник проф. [[Игор Јанев]] во својот научен труд во реномираното списание ''American Journal of International Law'' покажа дека Македонија при приемот во Обединетите нации (ОН), беше условена со дополнителните услови надвор од исцрпно дефинираните во Повелбата на ОН, што е спротивно на Советодавното мислење на Меѓународниот суд на правда (МСП) од 1948. година, и е спротивно на Резолуцијата 197/3 (1948) на Генералното собрание на ОН со која истото Советодавно мислење на овој суд се прифаќа. Во својот труд д-р Игор Јанев докажа незаконитоста на два дополнителни посебни услови за членството на Македонија во ОН. Условите за прием, специфични за Македонија се: 1) да се носи, по приемот во ОН, привремената деноминација Поранешна Југословенска Република Македонија, и 2. по приемот во ОН, Македонија да има обврска да преговара со друга земја (Грција) за уставното име (односно за својот мегународно-правен идентитет). Јанев го докажа ''ultra vires акт'' на ОН користејки методот и принципот според кои во времето трансцедентните услови за приемот во Организацијата на Обединетите нации (што траат по чин на приемот) не се легални и воопшто немаат правни својства. На овој начин д-р Јанев, откривајки го ''ultra vires акт'' предлага решение за прашањето за името во ОН. Овакво решение подразбира иницирање на постапка на Генералното собрание на ОН за добивањето Советодавно мислење од Меѓународниот суд на правдата за законитоста на дополнителните посебни услови за членството на Македонија во ОН. Со добивањето на таквото советодавно мислење од судот според кое дополнителните услови за членството се нелегални, и со прифаќање на истото советодавното мислење од Генералното собрание на ОН,во истата резолуција со која се прифака овој став, би било воведно и користењето на уставното име (Република Македонија) во Обединетите нации. <ref> види Игор Јанев, Legal Aspects of the Use of a Provisional Name for Macedonia in the United Nations System, AJIL, том 93. но. 1, 1999 </ref>.
 
== Наводи ==