Совршено убиство (филм од 1998): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
 
ситна поправка
Ред 1:
'''Совршено убиство''' ([[англиски]]: ''A Perfect Murder'') е американски [[филм]] од [[1998]] година, во [[режија]] на [[Ендрју Дејвис]]. Улогите ги играат: [[Мајкл Даглас]], [[Гвинет Палтроу]] и [[Виго Мортенсен]]. Филмот претставува преработка на филмот на [[Хичкок]] од [[1954]] година „[[Заврти ДУ за убиство]] (''Dial D for Murder'')“.
==Содржина==
Богатиот индустријалец Стивен Тејлор (го игра Даглас) ја смета својата сопруга Емили (ја игра Палтроу) за својот највреден имот, но таа го изневерува со еден сликар. Стивен го открива неверството и започнува да планира совршено [[убиство]]. За таа цел, тој изнајмува човек кој треба да ја убие Емили при што тоа треба да изгледа како случајно убиство, извршено за време на обид за кражба во неговиот стан. Истовремено, тој си обезбедува алиби и мисли дека неговиот план ќе успее, меѓутоа работите не одат така како што замислил. Борејќи се со напаѓачот, неговата жена успева да го убие и така останува жива. За време на полициската истрага, Стивен делува вознемирен, но на прв поглед, тој нема никаква вина, зашто во времето додека се случило убиството, тој играл карти со своето друштво. Но, како што напредува истрагата, неговото алиби почнува да слабее, а сопругата се сомнева во неговата вмешаност. На крајот, наспроти сите грижливо испланирани детаљи, [[полиција]]та успева да пронајде докази за неговата вмешаност.<ref>„Злосторство како одмазда за неверството“, ''Антена'', број 874, 27.3.2015, стр, 3.</ref> <ref>„Лукава одмазда за брачното неверство“, ''Антена'', број 900, 25.9.2015, стр. 3.</ref>
 
== Наводи ==