Бела кула (Солун): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 10:
 
По крајот на Балканските војни, Солун станал дел од Грција, и во текот на Првата светска војна, кулата се користела како команден центар и како магацин за археолошки наоди, откриени од британските делови. Подоцна била користена како елемент за воздушна одбрана на градот и како метеоролошка лабораторија на Солунскиот универзитет. Пред кулата работело познатото кафуле и театар "Театарт на Белата кула", срушен во 1954 година за проширување на паркот.
 
Денес, кулата се наоѓа на крајбрежниот булевар "Ники". Во неа е сместен Византискиот музеј и претставува една од водечките туристички атракции на градот. Градбата е под управа на грчкото Министерство за култура и Агенцијата за византиските антики.
 
Кулата е цилиндрична со висина од 33,9 m и дијаметар од 22,7 m. Има приземје и 6 ката, поврзани со 120-метарска скали.
 
== Банкарска контроверзија ==
 
Во раните години на 1990-тите Белата кула била центар на голем спор меѓу [[Грција]] и [[Македонија]]. Една од големите политички партии во Република Македонија и водечка опозиција [[ВМРО-ДПМНЕ]] понудила печатење на банкноти на кои е прикажана Белата кула. Сепак Владата го отфрлила предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и прифатила друг дизајн за македонските банкноти, кои биле пуштени во оптек во [[1992]] година.
 
По ова во Скопје започнало да се печатат неофицијални банкноти со слика од Белата кула, кои се продавале како сувенири.