Исхрана: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Ред 193:
==== Протеини ====
 
Протеинот е важна состојка на секоја клетка во телото. Косата и ноктите воглавно се состојат од протеини. Телото ги користи протеините за да ги гради и поправа ткивата. Покрај тоа, протеините се користат за да се создадат хормоните и други хемикалии во телото. Протеините се исто така важна основа за коските, мускулите, 'рскавицата, кожата и крвта.
Потребата од протеини се разликува кај секој човек, како и мислењата дали и до која мера физички активните луѓе имаат потреба од повеќе протеини. Дозволената дневна доза (ДДД) од 2005 година насочена кон здравата возрасна популација, обезбедува внесување на 0.8-1 грам протеини на килограм од телесната тежина (според ИТМ формула), со тоа што панелот за преглед гласеше: "Не се препорачуваат додатни протеини во исхраната на здрави возрасни личности кои тренираат вежби за отпор или истрајност". Спротивно на тоа, Ди Паскал (Di Pasquale) (2008) наведувајќи скорешни проучувања, препорачува минимална доза на протеини од 2.2 гр/кгр "за секој кој се занимава со натпреварувачки или напнат рекреациски спорт, кој сака да ја максимизира телесната маса, но не сака да ја зголеми тежината".
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Исхрана