ПФК Лудогорец Разград: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 51:
Првата сезона во [[Бугарија - А фудбалска група|А група]] Лудогорец ја започнал со неколку многу квалитетни засилувања, па така првиот пораз го претрпеле дури во 10. коло, кога загубиле од [[ПФК Литекс Ловеч|Литекс]] со 2-1. Во 15. коло одиграле 2-2 во [[Софија]] против [[ПФК ЦСКА Софија|ЦСКА]], надоместувајќи негатива од два гола во последните пет минути од дуелот, а со тој натпревар завршил првиот дел од сезоната по кој Лудогорец бил на првото место. После три пораз по ред во пролетниот дел од сезоната го загубиле водствот на табелата. Меѓутоа, со победата од 1-0 во последното коло од првенството над директниот конкурент за титулата ЦСКА Софија, Лудогорец станал шампион со 70 освоени бодови еден повеќе од ЦСКА. Победеносниот гол за првата шампионска титула го постигнал [[Мирослав Иванов]]. Најдобрата сезона во историјата на клубот завршила со освојувањето на купот по победата над [[ПФК Локомотив (Пловдид)|Локомотив Пловдив]] со 2-1.
 
Во август [[2012]], Лудогорец го освоил и суперкупот повторно победувајќи го Локомотив Пловдив и така станал првиот клуб во историјата на бугарскиот фудбал кој во својата прва сезона во највисокиот ранг на натпреварување освоил три трофеја. Исто така тоа е првиот клуб мадвор од главниот град и вкупно третиот клуб во Бугарија заедно со [[ПФК Левски (Софија)|Левски]] и [[ПФК ЦСКА (Софија)|ЦСКА]], коишто успеал да освои домашна тројна круна.
 
Своето деби во европските натпреварувања го направил во 2. коло од квалификациите за [[УЕФА Лига на шампиони|Лигата на шампионите]] во сезоната 2012-2013 против [[ФК Динамо Загреб|Динамо Загреб]]. Во првиот натпревар било 1-1, а во вториот загубиле со гол во 98-мата минита со 3-2.<ref>* http://www.uefa.com/uefachampionsleague/season=2013/matches/round=2000344/match=2009433/index.html</ref>