Михаил VIII Палеолог: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 78:
===Делувањето на Балканот===
Михаил VIII се обидел да го ослаби притисокот на [[Карло Анжујски]] во [[Грци|грчките]] и [[Словени|словенските]] земји на [[Балкан]]от со создавање династички врски. По смртта на деспотот [[Михаил II Комнин Дука|Михаил II]] (умрел во [[1271]]г.), [[Епирско деспотство|Западноромејската држава]] се распаднала: власта во [[Епир]] ја презел законскиот наследник [[Никифор I Комнин Дука|Никифор I]], оженет со царевата внука, а во [[Тесалија]] завладеал деспотовиот вонбрачен син Јован. Царот Михаил VIII му ја дал титулата севастократор и својот внук Андроник Тарханиот го оженил со неговата ќерка. И покрај тоа воинствениот тесалиски владетел наскоро се покажал како огорчен непријател на [[Источно римско царство|византискиот]] цар, а Тарханиот подготвено ја поддржувал антивизантиската активност на својот тест. Спогодба меѓу Византија и сепаратистичките грчки државички тешко можело да се постигне бидејќи првенствена цел на византискиот цар му била ликвидирањето на таквите држави.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 552.</ref>
 
Стремежите на Михаил VIII за што поцелосна реставрација на византиската власт, исто така стоеле на патот на зближувањето на Византија со словенските држави. Според неговата замисла, обновеното Византиско царство требало да ги опфати не само грчките и латинските државички туку и [[Второ бугарско царство|Бугарија]] и [[Кралство Србија (Среден век)|Србија]]. Ова јасно го покажува одредбата од [[1272]]г. којашто всушност останала само на хартија, а со која царот сакал да им ја одземе автокефалноста на [[Пеќска патријаршија|српската]] и на [[Трновска патријашија|бугарската]] црква и одново да ги потчини на [[Охридска архиепископија|Охридската архиепископија]]. Преговорите за мажењето на ќерката на Михаил за [[Стефан Урош II Милутин|Милутин]], синот на [[Стефан Урош I|Урош]], не донесле резултат. Затоа пак Михаил успеал да се спогоди со [[Кралство Унгарија|Унгарија]]. Неговиот син [[Андроник II Палеолог|Андроник]] бил оженет со ќерката на унгарскиот крал [[Стефан V (Унгарија)|Стефан V]]. Наскоро потоа Андроник, во [[ноември]] 1272г. бил крунисан за цар и совладетел и добил мошне широки овластувања какви што византиските совладетели порано немале. Во Бугарија затегнатоста привремено попуштила кога во [[1270]]г. царицата Ирина Ласкарис умрела, а [[Константин Асен|Константин Тих]] се оженил со Михаиловата внука Марија. Но бидејќи Михаил VIII на бугарскиот цар не му ги предал [[Анхијал]] и [[Месемврија]], коишто му ги ветил како "мираз", веќе во 1272г. дошло до војна и [[Бугари]]те навлегле во византиските земји. Под притисокот на [[Татари]]те, чијашто поткрепа Михаил VIII успеал да ја добие, Бугарите морале да се повлечат и да се откажат од спорните градови.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 552-553.</ref>
 
===Ситуацијата на Истокот===
Најважни чинители на Исток во тоа време биле [[Татари]]те на [[Златна орда|Златната орда]] во јужна [[Русија]], [[Илканат|Монголите]] на ханот [[Хулагу Кан|Хулагуа]] во предна [[Азија]] и [[Мамелучки султанат|Мамелуците]] во [[Египет]]. При непријателството на едната или другата сила спрема предноазиските [[Монголи]], врската можела да се одржува само преку море. А клучот за овој пат се наоѓал во рацете на [[Источно римско царство|Византијците]]. Поради тоа и за Мамелуците и за јужноруските Монголи била неопходна спогодба со Византија, што уште една покажува колку по заземањето на [[Цариград]] нараснало значењето на Византиското царство во светската политика.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 553-554.</ref>
 
== Наводи ==