Ирина Хазарска: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Чичак''' или '''Ирина Хазарска''' ([[турски]]: ''Çiçek'', [[грчки]]: ''Ειρήνη'';? - 750) била хазарска принцеза и византиска царица (732-752), прва сопруга на императорот [[Константин V Копроним]].
 
Според [[Теофан Исповедник]], Чичак била ќерка на хазарския ханот Бихар, а според патријарх Никифор таа била негова сестра. Во [[735]] Чичак, која веќе го имала прифатено [[христијанство]]то и грчкото име ''Ирина'', била омажена за синот на византискиот император [[Лав III Сириец]], Константин, кој подоцна се качил на византискиот престол како [[Константин V Копроним]]. Овој династички брак го зацврстил сојузот меѓу [[Византија]] и Хазарскит хаганат, кои имале заеднички непријател во лицето на Арапскиот калифат.
 
Во [[Константинопол]] Чичак започнала да ги изучува напорно основите на христијанската вера, запознавајќи се подетално со [[Евангелие]]то. [[Теофан Исповедник]] ја претставува како исклучително божествена жена и гледал во неа целосна спротивност на свекорот и нејзиниот сопруг. Лав III и Константин V биле поддржувачи на [[Византиско иконоборство|иконоборството]], додека Теофан Исповедник бил иконопочитател. Веројатно неговите пишувања дошле до израз кај самата Ирина, која започнала да ги споделува ставовите на хронистот.
 
Со името на Чичак-Ирина се поврзува и навлегувањето во византискиот двор на нова мода во машката облека, под влијание на хазарскиот начин на облекување - т.н. чичакион.
 
Императорот Лав III починал на [[18 јуни]] [[741]] година, по кое на престолот се качил Константин V, а Чичак-Ирина била прогласена за негова царицата.
 
На [[25 јануари]] [[750]] година Чичак-Ирина го родила идниот император [[Лав IV Хазарски]]. Во врска со овој настан, името на Чичак-Ирина се споменува за последен пат во изворите. На следната година Константин V веќе бил оженет за својата втора сопруга. Се претпоставува дека Чичак починала при или непосредно по раѓањето на нејзиниот син.
 
Според истражувањата името Чичак произлегува од турски збор "''çiçe''", која значи цвет.