Отоманско-византиски војни: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 53:
Бајазит со помош на вазалот ја зазеле последната христијанска населба во Анадолија, [[Падот на Филаделфија|Филаделфија]]. Поради стравот од Бајазит, Јован V започнал со поправка на ѕидините на престолнината на кое Бајазит му се заканил со опсада на градот. Поради ова византискиот император го повлекол проектот а како награда го добил Мануил II. Во 1391 година починал Јован, а на негово место застанал Мануил II, кој бил вазал на Бајазит и кој му порачал дека територијата на Византија се наоѓа единствено зад Константинополските ѕидини. Покрај тоа, Мануил морал да се согласи да [[Бајазит]] именува кадија кој во Константинопол ќе им суди на муслиманското население.
 
== 13741394-1424 ==
 
Иако односите со Јован VII се подобриле, Султан Бајазит I го опсадил [[Константинопол]] од 1394 до 1402 година. По пет годишна опсада, Мануил II му го доверил градот на неговиот внук и тргнал (со придружба од 40 луѓе) на долго патување во странство да бара помош против [[Османлиска империја|Османлиската империја]] од дворовите на западна Европа. Во меѓувреме против османлиска крстоносна војна водена од [[Кралство Унгарија|унгарскиот]] крал [[Сигмунд Луксембуршки]] била неуспешна при [[Битка кај Никопол|Битката кај Никопол]] на [[25 септември]] [[1396]] година, но османлиите биле и самите тешко поразени од [[Тамерлан]] во [[Битка кај Ангора|Битката кај Ангора]] во 1402 година. Мануил II испратил 10 бродови да им помогнат на крстоносците во Никопол. Како што синовите на Бајазит I се бореле за наследството на [[Отомански интеррегнум|османлискиот интеррегнум]], Јован VII успеал да ги врати во посед европскиот брег на [[Мраморно Море|Мраморното Море]] и Солун под византиска власт. Кога Мануил II се вратил дома во [[1403]] година, неговиот внук му ја предал контролата на Константинопол и бил награден со владение на новоосвоениот Солун. Мануил исто така од османлиите го освоил [[Несебар]] (1403–1453), [[Варна]] (1403–1415), и мраморното крајбрежје [[Ушкудар|Скутари]] до [[Измит|Никомедија]] меѓу 1403–1421 година.
 
==1422-1453==
Мануил II бил во пријателски односи со победникот од Османлиската граѓанска војна, [[Мехмед I]] (1402–1421), но неговите обиди да се вмеша во изборот на наследникот довело до нов [[Опсада на Константинопол (1422)|напад на Константинопол ]] од [[Мурат II]] (1421–1451) во 1422.
 
== Наводи ==