Алексиј III Ангел: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 36:
Особени последици имала промената на [[Источно римско царство|византискиот]] престол за односите на Византија и [[Велико кнежевство Србија|Србите]]. Фактот што тестот на [[Стефан Немања|Стефан Неманиќ]] станал цар, секако влијаел на промената на владата во Србија, каде што наскоро после тоа власта ја презел царевиот зет, севастократорот [[Стефан Првовенчани|Стефан]]. На [[25 март]] [[1196]]г. Немања се откажал од престолот во полза на Стефан и како калуѓер се повлекол во [[Студеница]], а потоа му се придружил на својот најмлад син [[Свети Сава|Сава]] на [[Света Гора]].<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 491-492.</ref>
 
Можело да се очекува дека Стефановата влада ќе отвори нова ера на византиското влијание во Србија. Но до тоа не дошло бидејќи слабата византиска влада не умеела да ја искористи поволната ситуација. Одлучувачкото во Рашка, како и во [[Босанска бановина|Босна]], веќе во наредните години добила моќната [[Папска држава|римска]] курија и нејзиниот експонент [[Кралство Унгарија|Унгарија]]. Вукан, најстариот син на Немања, којшто морал да се задоволи со [[Зета]] и поради тоа се чувствувал запоставен, се кренал против брата си потпирајќи се на унгарската и римската курија. Не верувајќи во помошта на Византија, Стефан исто така побарал спас во спогодбата со Рим. На Цариград толку малку сметал што дури ја испадил својата сопруга, Византијка. Меѓутоа, Вукан го надитрил. Со помош на Унгарите го симнал од престолот и ја презел власта откако ја признал надмоќта на [[папа]]та и суверенитетот на Унгарија ([[1202]]г.). Навистина, Стефан наскоро го повратил престолот но не со византиска туку со [[Второ бугарско царство|бугарска]] помош. Настаните во Србија посебно јано покажуваат колку нагло опаѓала византиската моќ. Во [[1195]]г. Византија се уште можела да влијае на промените на српскиот престол, а неколку години подоцна таа конечно испаднала од играта, препуштајќи ја Србија на римско-унгарското влијание.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 491-492-493.</ref>
 
===Борбите против Бугарите===