Битка кај Плиска: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 3:
== Позадина==
 
Во периодот 808-809 година хан [[Крум]] го поддржал бунтот на Бугарите во долината на реката [[Струма]], приклучувајќи им ги земјите кон својата држава. Во [[809]] година бугарските војски предводени од хан [[Крум]], [[Опсада на Сердика (809)|ја зазеле]] византиската [[Сердика (тврдина)|тврдина Сердика]]. Одговорот на византискиот император не задоцнил кога во почетокот на 811 година [[Никифор I Геник]] организирал воен поход кон [[Плиска]], главниот град на бугарските ханови.
 
Кан Крум презел дипломатски мерки за мир, но Никифор го отфрлил неговиот преедлог "''поради сопствените злонамери и поради едномислието на своите советници''"<ref>Цитат на хрониста Теофан.</ref>. Императорот лично ги повел тагмите по [[Стара Планина]]<ref>Еден од ретките такви случаи, според бугарскиот византолог Мутафчиев, 1935 г.</ref> и на бугарска територија влегол на [[20 јули]] [[811]] година. Во наредните три дена, Никифор пристигнал пред портите на бугарската престолнина Плиска и започнал со нејзина опсада.
 
Византиската воена кампања се одликувала со невидени злосторства над локалното население, кое било подложено на колење без разлика на пол и возраст. Крум повторно се обратил кон него со следниве зборови: "''Ете, ти победи. И затоа, земи, што ти е потребно, и оди си со мир".'' На тој начин Крум сакал да ја заштити земјата од понатамошни злосторства и разрушување. Но, византискиот император опседнат од успесите, не сакал да слушне за мир.
 
== Подготовка ==
 
Откако византискиот император ја ограбил и уништил резиденцијата на Крум, заминал кон [[Константинопол]] како победник. Додека византискиот император бил зафатен со целосната пропаст и уништување на Плиска, Крум ги мобилизирал сите расположливи сили и се подготвил за одмазда. Тој бил разгневен, како од одбивањето на царот да склучи мир, така и од невидените злосторства, грабежи и самоволие од византиските сили. Бугарите ги опколиле влезовите и излезите на планинските премини со дрвени бедеми и направиле заседи во тесните грла.
 
Кога Никифор научил дека патот за повлекување е отсечен започнал очајнички да зборува: "''Дури и да бевме крилести, никој да не се надева дека ќе побегне од пропаста''." Крум ја собрал војската и во текот на ноќта спроти сабота, [[26 јули]] [[811]], ги нападнал византиските војници.
 
== Битка ==
 
Во теснините на Врбишкиот превој се случило страшно колење. Рано наутро, Бугарите се нафрлиле врз шаторот на Никифор, каде што тој бил убиен. Во нападот освен императорот загинале многу истакнати големци и војводи, како патрициј Теодосиј Саливара, стратегот на источните војски патрициј Роман и стратегот на Тракија. Многу офицери и безброј многу војници загинале во планинските теснини. Летописецот Теофан забележил: "''Целата христијанска убавина загина''!". [[Ставракиј]], синот на Никифор, тешко ранет во грбот, успеал да избега жив и во големи страдања пристигнал во Адријанопол ([[Едрене]]). По неколку недели починал во [[Константинопол]].
 
Поразот на император Никифор во Врбишкиот превој на [[26 јули]] [[811]] година ја избавило Бугарија од страшна опасност. Бугарите успеале да ја зацврстат својата територија на запад, заедно со Сердика и се обезбедиле од идни напади од страна на [[Византија]].
 
== Последици==
 
Бугарскиот хан се прославил како победник над византискиот император. Битката претставувала спектакуларна воена и политичка победа, бидејќи [[Никифор I]] бил вториот византиски император, по [[Валенс]] 400 години порано, во целата десетвековна византиска историја, еден император да биде убиен во битка. Последниот император Константин XI исто така загинал од непријателското оружје, но тоа се случило при падот на главниот град Константинопол во [[1453]] година, кога судбината на некогашната империја веќе била решена.
 
Според летописот, кога била отсечена главата на Никифор, Крум го исчистил неговиот череп и со гордост наздравувал со него кога пиел со неговите советници.