Мануил I Комнин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 58:
===Крстоносните држави на Исток===
Спрема [[Крстоносни држави|латинските држави]] на исток, напротив, Мануил, продолжувајќи ја политиката на својот [[Јован II Комнин|татко]], постигнал навистина извонредни успеси. [[Ерменско кралство на Киликија|Ерменскиот]] кнез [[Тор II (ерменски кнез)|Тор]], кој се утврдил во [[Киликија]], бил принуден во [[1158]]г. да се покори и царот го „запишал меѓу робовите на [[Ромеи|Ромејците]]“. Уште поголемо значење имало потчинувањето на [[Кнежевство Антиохија|Антиохиското кнежевство]]. Антиохискиот кнез [[Рајналд Шатилонски|Рајналд]] го признал суверенитетот на [[Источно римско царство|византискиот]] цар и се обврзал дека ќе му испраќа помошни трупи. Освен тоа византискиот цар го задржал правото на поставување [[Патријарх на Антиохија|антиохиски патријарх]]. Во знак на потчинетоста Рајналд дошол во логорот на царот гологлав, бос со јаже околу вратот, носејќи меч во левата рака. Дури и [[Ерусалимско кралство|ерусалимскиот]] крал [[Балдвин III Ерусалимски|Балдвин III]] му напрабил посета на Мануил и се ставил под негова заштита. Како што вели [[Евстасиј Солунски]], „тој поита кај нас од [[Ерусалим]] привлечен од славата и големите подвизи на царот и ги призна неговите врховни права“. Возвишениот став што го зазел византискиот цар спрема латинските држави на Исток се манифестирал на интересен начин за време на свеченото влегување на Мануил во [[Антиохија]] во [[1159]]г. Со сите царски инсигнии царот јавал на коњ. Ерусалимскиот крал го следел јавајќи далеку зад него и не носејќи никакви инсигнии, додека антиохискиот кнез одел пеш покрај коњот на царот и го држел сременот на царот. Тоа била впечатлива глетка во којашто јасно се одразувала хиерархијата на [[Христијанство|христијанските]] владетели. Тешките проблеми пред кои создавањето на крстоносните држави на Исток ја ставиле Византија и со кои таа со децении се борела, сега биле решени и била воспоставена византиска хегемонија. Византискиот цар извојувал позиција на поглавар на целиот христијански Исток, па и самите латински држави, загрозени од [[Селџучко царство|Турците]], во него гледале свој бранител.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 464-465.</ref>
 
===Унгарија===
И спрема [[Кралство Унгарија|Унгарија]], Мануил ја продолжил политиката на својот [[Јован II Комнин|татко]], но и овде неговата активност била многу поголема, а неговата крајна цел многу поамбициозна. Тој се стремел кон потчинување на Унгарија и нејзино присоединување кон [[Источно римско царство|Византиското царство]]. Смртта на кралот [[Геза II (Унгарија)|Геза II]] ([[1161]]г.) дала повод за ново мешање во унгарските прилики. Против [[Стефан III (Унгарија)|Стефан III]], синот на Геза, Мануил со оружје и пари ги поддржувал браќата на Гејза - [[Стефан IV (Унгарија)|Стефан IV]] и [[Ладислав II (Унгарија)|Владислав]]. Поради тоа избила војна полна со тешки и променливи променливи борби. Најпосле, во [[1164]]г. бил склучен договор врз основа на кој братот на Стефан III - [[Бела III (Унгарија)|Бела]] бил испратен во [[Цариград]], откако бил признат за унгарски престолонаследник и откако му се доделени во апанажа [[Хрватска (регион)|Хрватска]] и [[Далмација]]. Меѓутоа, Мануил морал да води нови борби за да ги реализира големите предности кои му ги овозможил овој договор. Опсежни воени и дипломатски подготовки му претходеле на избивањето нови непријателства. Специјален пратеник на царот упатен бил дури во [[Русија]] да и осигура на Византија поддршка на [[Киевска Русија|киевскиот]] и [[Кнежевство Галиција|галицискиот]] кнез. Резултатот одговарал на потрошените средства и напори: Хрватска, Далмација, [[Босна (регион)|Босна]] и [[Сремска Митровица|Срем]] биле присоединети кон Византиското царство ([[1167]]г.).<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 465.</ref>
 
==Воени походи==