Лав IV Хазар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
 
Лав IV е познат како Лав IV Хазар. Тој бил син на византискиот императорот [[Константин V Копроним]] од првата сопруга Чичак - [[Ирина Хазарска]], потомка на хазарски владетел. Во 751 година малолетниот Лав бил крунисан од татка си за соимператор и наследник. Тој бил свршен за ќерката на францускиот крал [[Пипин Малиот]], но веридбата пропаднала. На 25 март 775 година Лав IV го наследил престолот откако неговиот татко починал.
 
== Управување ==
 
Во управувањето на Лав IV војниците на Византија биле ангажирани во судирите со Арапите во Сирија и Мала Азија, додека походите против Бугарите биле прекинати.
 
Лав бил оженет за [[Ирина (византиска царица)|Ирина]], од која имал син, идниот Константин VI Слепиот, кој како свој наследник односно соимператор го прогласил во 776 година. Ова довело до неуспешен бунт меѓу [[цезар (титула)|цезарите]], полу-браќа на царот, кои биле замонашени и заточени во Херсон.
 
Во неговото кратко владеење било прекинато пргпнот на иконопочитателите. Според зборовите на Теофан Исповедник "императорот Лав за кратко време се покажал како побожен и љубител на Богородица и монасите. Не долго после до неговата смрт тој го изменил а тоа и го продолжи прогонството на иконопочитателите. Набргу потоа ''карбункули'' (антракс) ја покри неговата глаба по кое тгој се разболе и почина". (Теофан: 768; 772)
 
Причина за болеста, според Теофан, била неговата желба да ја поседува круната на [[Маврикиј]], која била погребана заедно со телото на царот [[Ираклиј I]]. Круната била извадена од гробот и Лав, положувајќи ја на главата, добил труење. Според други верзии императорот бил отровен, или веќе бил болен кога се качил на престолот или, според легендата, починал поради треска предизвикана од проклетство, откако зел скапоцен камен од икона во црквата Света Софија.
 
{{Шаблон:Византиски владетели}}