Марија (сопруга на Лав III): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
Марија била византиска царица и августа, сопруга на царот [[Лав III Исавријанин]]. Се смета дека била ќерка на бугарскиот хан Тервел.
 
Марија била омажена за Лав III, најверојатно уште додека тој ја имал должноста стратег на тема [[Анадолија (тема)|Анадолија]].
 
На 25 ноември 717 година по државниот удар, Лав III бил крунисан за император во катедралата Аја Софија во византиската престолнина Константинопол. Во тоа време Марија веќе се споменува во историските извори како негова сопруга.
 
Во јули 718 година во текот на опсадата на Константинопол од Арапите, Марија родила син, идниот Константин V. Во август истата година Арапите биле поразени од бугарскиот хан Тервел што ставило крај на опсадата. На 25 август 718 година Марија официјално ја добила титулата августа. На истиот ден цариградскиот патријарх Герман I Цариградски го крстил синот на царската двојка. Во 720 година Константин V ебил прогласен за соимператор.
 
Марија и Лав имале четири деца:
 
* [[Константин V Копроним|Константин V]]
* [[Ана (сопруга на Артавазд Иконољубец)|Ана]]
* [[Козма (син на Лав III Исавријанин)|Козма]]
* [[Ирина (ќерка на Лав III Исавријанин)|Ирина]]