Разлика помеѓу преработките на „Лав III Сириец“

Додадени 2.250 бајти ,  пред 6 години
{{главна|Византиско иконоборство}}
 
Лав III го означил почетокот на византиското иконоборство. Така, наместо икони, на јавните места започнале да се поставуваат крстови. Оформено под влијание на исламската идеја дека сликите на луѓе и животни не можат да бидат свети, иконоборството во Византија претставувало реакција против прекумерниот раст на монаштвото и манастирите, кои биле голем товар на државата и конкурент на нејзината власт.
Лав III го означил почетокот на византиското иконоборство. Во 726 година бил издаден едикт според кој иконите биле забранети. Но, едиктот бил пречекан со силно противење од константинополски патријарх [[Герман I Цариградски|Герман]] и од страна на клирот и народот. [[Папа Григур II]] и [[Јован Дамаскин]], исто така, го кренале своjот глас во заштита на [[Православие]]то, како и повеќето теолози и монасите, поради што тој започнал гонење и страшно мачење и убивање на истите. Како незадоволство од таа одлука, во [[Грција]] се дигнала буна, која во [[727]] година била задушена. Патријарх Герман I не сакал да го потпише императорскиот декрет и дал оставка, а на негово место Лав III го поставил неговиот истомисленик – [[Анастасиј Цариградски|патријархот Анастасиј]].
 
Папата Григур II во својата преписка со императорот му укажал на грешката, но тој не сакал да се покае, по кое западниот дел од црквата одбил повеќе да не плаќа данок на [[Константинопол]]. Во времето на [[папа Григур III]] бил свикан синод од 93 епископи на кој била донесена одлука дека секој кој ќе оди против иконите, ќе биде екскомунициран од црквата. Како одговор на тоа, Лав сакал да се одмазди, одземајќи ја областа Илирик, како и Калабрија и Сицилија од јурисдикцијата на римскиот папа и префрлувајќи ја на константинополскиот патријарх. Ова дополнително ги влошило односите меѓу двете страни. Така папата решил да побара помош во западните земји.
 
Во 727 година, во Равена, Италија, избувнало востание против византискиот император. Испратената византиска флота потонела во бура кое довело до губење на останките од т.н. Равенски Равенски екзархат.
 
Лав III Исавријанин починал во 741 година.
 
== Наводи ==